fbpx

Стратегија и менаџмент ориентирани кон клиентите и вработените: ,,Кроација осигурување” во силен продор на македонскиот пазар

Новости

„Сигурноста на животот и извесноста на иднината остануваат највисоки вредности кон кои се стремиме и во овие турбулентни и неизвесни времиња“, го почнува своето излагање Маја Станковска Костова, генерална директорка на „Кроациа осигурување живот“, за годишникот „Економист: Светот во 2022-та“

Овие цели си ја задржуваат својата константност поради длабоката вкоренетост во суштината и оправданоста во улогата во животот на граѓаните. „Кроациа осигурување живот“ своето работење го темели врз истите тие вредности – значењето на животот и ставањето на граѓаните во центарот на вниманието, целосен фокус на клиентот и создавање нови можности со кои влијаеме на пазарот.

Како резултат на зголемувањето на информираноста на граѓаните и свеста за потребата од осигурување, осигурителниот пазар во Македонија расте и се проширува.

Во оваа тенденција го гледаме и нашиот придонес на пазарот во Македонија, а успехот на Кроациа, пред сè, се должи на нашата проактивност и иновативност во развојот на нови производи и повисоко ниво на услуга.

Како лидер на пазарот и прва компанија за осигурување на животот во државата, веќе сме во нов циклус од работењето, така што веќе 6 години редовно вршиме исплати по основа на договори со завршен период на осигурување, со што градиме искуство на пазарот на користење на бенефициите од склучен договор за осигурување.

Овие исплати од година на година се зголемуваат, од 2,2 милиона евра во 2020 година, 2,5 мил. евра оваа година, а во следната година очекуваме исплата по основа на договори со истек во износ од 2,8 милиона евра, што е потврда за сигурноста и стабилноста на работењето.

Тоа се средства што ги акумулирале нашите клиенти во текот на договорот за животно осигурување и сега им се исплатени. Овие договори се склучувани во период од 10 до 25 години, што зборува за степенот на заемната доверба, којашто што ја градиме со нашите осигуреници.

Голем број осигуреници ги продолжуваат полисите или ги прошируваат на други членови на семејството, на следното поколение, со што се гради една убава и вредна традиција на вистинска грижа за сигурноста и основа за поквалитетен живот во иднина.

Паралелно на тоа, со целосен фокус на клиентите, како наша клучна вредност, ние создаваме долгорочна компаниска стратегија со цел да одговориме на потребите на клиентите а во насока на зголемување на основното покритие, достапноста на нашите производи и информирање, едуцирање на граѓаните за придобивките што може да ги имаат и начините да ја подобрат својата животна благосостојба.

Eдна од развојните точки на која активно и посветено ќе продолжиме да работиме во 2022 г. е развој на банко-осигурувањето. Тоа има значаен придонес во развојот на пазарот.

Банките, како најактивни учесници на финансискиот пазар, придонесуваат за информирање на граѓаните, креирање финансиска писменост и за зголемување на свесноста за потреба од поседување полиса за осигурување на животот.

Преку интензивна соработка со банките, заедно лансираме единствени производи со дополнителна вредност и ја збогатуваме понудата за нашите клиенти.

„Кроација осигурување“ создаде пристап што го води осигурителниот бизнис кон предвидливи и сигурни исходи. Управуваме со средства од над 60 милиони евра, што нè прави убедливи лидери на пазарот, овозможуваме стабилно и профитабилно работење и, најважно, гарантираме стопроцентна сигурност за клиентите.

Веќе втора година живееме во најголема неизвесност, животот се менува секојдневно и создаваме нови навики на функционирањето и сите потреби се адаптирани на овие промени“, вели Александар Манев, генерален директор на „Кроација осигурување неживот“.

 

Маја Станковска Костова, генерална директорка на „Кроација осигурување живот“  и

Александар Манев,генерален  директор  на „Кроација осигурување неживот“

Ваквата состојба неминовно се чувствува и врз осигурителниот пазар, така што граѓаните, поттикнати од потребата за заштита на она што им значи најмногу, станаа многу посвесни за значењето и придобивките од осигурувањето.

И, иако и оваа година е карактеризирана како кризна, поради глобалните случувања, осигурителниот пазар забележува раст и тоа од 18% проценти, што е резултат на зголемената свест за потребата од осигурување.

„Кроација осигурување“ исто така бележи раст, што е продолжување на трендот забележан неколку години по ред, и тој раст оваа година е највисок, со 44% меѓу другите компании и тоа во сите класи на осигурувањето.

Растот е посебно доминантен во класата на доброволното приватно здравствено осигурување каде што успеавме да заземеме 16% пазарно учество и високо четврто место во оваа класа и покрај фактот дека со овој вид осигурување почнавме минатата година.

Полека но сигурно брендот Crocare, под кој Кроација ја гради својата приказна за Приватно здравствено осигурување, станува избор бр.1 за клиентите,бидејќи е производ кој е целосно ориентиран на клиентите и овозможува брзо, лесно и достапно лекување.

Оваа година го проширивме Crocare-пакетот за здравствено осигурување со покритие на трошоците за болничко лекување од ковид-19 до 5.000 евра, и со тоа сме први на македонскиот осигурителен пазар со ваков тип покритие.

Еднакво значајно е тоа што изминатата година, иако беше исклучително тешка, направивме комплетно реструктурирање на компанијата, со консолидација во сите сегменти на работењето, со комплетно нов менаџерски тим, што, очекувано, се рефлектираше врз порастот на бруто-полисираната премија од 200 милиони денари, а самата годишна премија е значително повисока од минатогодишната.

Ваквиот пораст на полисираната премија и консолидираните процеси е влог во иднината за што очекуваме стабилизација на среден и на долг рок. Со тоа на клиентите им обезбедуваме сигурност и стабилност.

Стратегијата на компанијата е суштинска заложба за создавање средина во која задоволството на вработените се рефлектира и врз нивната презентација на компанијата и производите и квалитетниот однос кон клиентите со цел препознатливост на брендот Кроација, како сигурен и долгорочен партнер во иднина.

Успехот што го остваривме во изминатата 2021 година се должи на новата енергија, новиот менаџмент, на новите квалитетни вработени, иновативноста и проактивноста за креирање продукти, кои ги задоволуваат потребите на клиентите, па сево ова придонесе  за една година да имаме повеќе од 10.000 нови клиенти.

Со антиципирање на предизвиците за следната година, наша мисија е да помогнеме во зголемувањето на свесноста и потребата од осигурување преку едукација, растење на чувството на сигурност и безбедност за нашите клиенти преку зголемување на достапноста на производите со дигитализација и создавање што поповолни иновативни производи CPI – credit protection insurance.

Покрај тоа, наша лична и најголема цел останува Кроација и натаму да биде компанија блиска до своите вработени, акционерите и општеството.

, , , ,

Поврзани Објави

Menu