Основен пакет
Осигурени ризици: пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, паѓање на воздушни летатала, манифестација и демонстрација, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и од уреди и цевки од топловодни инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување. Информативна пресметка на премија за стан од 50 м2 – цена од 1400 денари годишно.
Стандарден пакет
(со ризици од основниот пакет дополнително и следните ризици)
Осигурени ризици: Излевање на вода од водоводни цевки и канализациони инсталции, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење на стакло на прозорците и вратите на станбениот објект. Информативна пресметка на премија за стан од 50 м2 – цена од 2100 денари годишно.
Премиум пакет
(со ризици од стандардниот пакет дополнително и следните ризици)
Осигурени ризици: Излевање на вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање на дрво, вандализам, кршење на стакла за застаклени балкони, кршење на санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Ситни поправки во домот максимум два пати за времетраење на полисата и во максимален износ од 6000 МКД. Информативна пресметка на премија за стан од 50 м2 – цена од 4100 денари годишно.