fbpx

Кроација советува

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Кроација советува
Летни совети
Зимски совети
Најчести проблеми во одржувањето на Вашиот дом
Совети за корисниците на автоодговорност и каско
mapСовети за дома
Летни совети

Прва помош на плажа

Не дозволувајте вашиот летен одмор да биде уништен од морски еж или медуза. Кроација осигурување/неживот ви нуди мали летни совети како да се справите со најчестите проблеми на плажа и да имате одмор без грижи.

Пред да влезете во вода

Една од најчестите грешки кои многумина ја прават е влегувањето во вода после оброкот. Правилно е да се почека еден час. Во вода исто така не треба нагло да влегувате, ова особено се однесува на постарите и оние кои имаат проблеми со срцето. Токму затоа, следниот пат кога ќе добиете желба да влезете во водата, направете го тоа до колениците, намокрете го телото со рацете и влезете.

Контакт со морски животни

Медуза: После допир од медуза, на вашата кожа се појавува алергиска реакција од супстанцата која се наоѓа во нивните пипки. Изгореницата која подоцна се појавува не е опасна, но доколку таа е поголема од раширената дланка меѓу прстите или пак се појават големи меури, веднаш посетете го најблискиот доктор. Како прва помош, може да ви помогнат морската вода, лимонот или оцетот.

Морски еж: Згазнувањето на еж може навистина да ви го упропасти денот, а и додека не ги отстраните боцките ќе имате проблем при одењето. Доколку се неколку боцки можете да ги отстраните со помош на дезинфицирана игла, пинцета и алкохол. Постапката е иста како кај вадењето трн од кожата. Но, внимавајте доколку станува збор за повеќе боцки или подлабоки подобро би било да посетите доктор.

Морски пајак: Морскиот пајак е вид на риба која најчесто се наоѓа на песок, а на нејзиниот грб има отровни боцки и може да дојде до незгода доколку згазнете на неа. Овој отров е чувствителен на температура, затоа е најдобро доколку ви се случи вакво нешто веднаш да го поминете тој дел од телото со врела вода. Веднаш по направената превентива јавете се во најблиската амбулантна станица бидејќи може да ви се појават грчеви или да се онесвестите, а тоа посебно важи за малите деца и старите луѓе.

Изгореници од сонце

При појава на црвенило после сончање како прва помош ќе ви послужи ладна купка во која може да ставите малку јаболков оцет, како и дополнително мачкање со масло од кантарион. Јогуртот може да ви помогне да ја оладите кожата и да го намалите црвенилото. Сепак, ако се појават пликови и кожата многу ве пече, треба да посетите лекар.

Вода во уво

Ако во текот на пливањето ви влезе вода во увото, повлечете ја ушната ресичка и наведнете ја главата на таа страна. Доколку по два до три дена почувствувате остра болка, во тој случај сте добиле инфекција и треба да се консултирате со лекар.

Исеченици и гребаници

Раните иако не изгледаат страшно сепак се подложни на инфекции, па заради тоа треба брзо да реагирате. Измијте ја раната со свежа вода или пак растопен мраз и потоа со чиста крпа убаво притиснете за да престане крварењето. Намачкајте антибиотик-маст, ставете завој и побарајте лекар што е можно побрзо.

Сончаница

Личноста која има сончаница треба веднаш да се смести под сенка, во полу-лежечка положба и да се раскомоти во облеката. Во случај да е во безсознание треба да легне на страна. Најдобро е да се полива со ладна вода и да се стават ладни облоги под тилот и на главата. При сончаница најважна е хидратацијата, па заради тоа лицето треба постојано да пие ладни напитоци, но се забрануваат пијалоци кои влијаат на крвотокот и притисокот како алкохол и кафе.

Совети за патување со автобус

Купувањето на автобуска карта наместо авионска до саканата дестинација е многу поефтино, но повеќе часовното возење во автобус може да биде навистина голем предизвик. Кроација осигурување реши да направи мини “истражување” за полесно и побезбедно патување. Се надеваме дека следните совети ќе ви помогнат:

Одберете ноќна линија

  • Времето ќе ви мине брзо, бидејќи ќе го поминете во спиење
  • Понесете си ќебе и перница за вратот
  • Доколку немате перница, стуткајте си го дуксерот и потпрете се на него
  • Доколку немате ниту перница, ниту дуксер, одберете згоден сосед на седиштето до вас

Светото тројство: книга, слушалки, музика

  • Добра музика може да ве спаси од многу ситуации

Грицки

  • Земете си храна, но внимавајте да не ви предизвика стомачни проблеми или пак да ви биде тешко за време на патувањето. Најдобра опција се мусли баровите, интегралните грицки итн..
  • Понесете си многу течности

Облечете облека во која удобно се чувствувате 

  • Удобни и широки парчиња на облека се најдобриот избор
  • Не носете тесни работи

Раздвижете се 

  • Практикувајте го ова на секоја пауза

Паметно одберете го седиштето

  • Колку е седиштето поназад во автобусот, толку е поголема веројатноста да ги почувствувате дупките, заради тоа најдобро би било да изберете седиште понапред во автобусот

Чувајте ги вредните работи на досег 

  • Паричникот, телефонот, патните исправи и полисата погрижете се да бидат близу до вас
  • За сите итни случаеви, имајте го телефонот на Кроација&EUROP Assistance, при рака +36 1 236 7543

Што во случај на изгубени лични документи/телефон?

Изгубен новчаник, пасош или телефон е ситуација со која никој не би сакал да се соочи на својот одмор. Кроација осигурување/неживот ви нуди неколку совети како да се справите со ова и да имате одмор без грижи!

Паричник и лични документи

Пред поаѓање:   

  • Направете си копија од сите картички и лични документи
  • Не ги носете сите пари со вас, испланирајте си дневен буџет и носете минимална сума

Доколку го изгубите или ви го украдат

  • Проверете на сите места кои сте ги посетиле и јавете се во сите кафулиња каде што сте биле
  • Јавете се во вашата банка и известете ги дека картичката е изгубена за да ги заштитат вашите средства и веднаш побарајте да ви се издаде нова
  • Пријавете во полиција
  • Пријавете ги изгубените лични документи
  • Побарајте извештај за својата картичка за да се уверите дали некој ја користи

Пасош

Пред поаѓање

  • Направете си копија

Доколку го изгубите или ви го украдат

  • Пријавете во полиција
  • Одете во амбасада

Потребни документи за вадење привремен пасош:

  • Уверение за државјанство на Р. Македонија
  • Валидна дозвола за престој во земјата на приемот
  • Извод од Матична книга на родените
  • Документ за идентификација издаден од земјата на приемот или од Р. Македонија (лична карта и сл.)
  • Потврда од полиција дека е пријавен пасошот за изгубен, украден или исчезнат
  • Лична изјава потпишана од странката дека патната исправа е изгубена, украдена или исчезната
  • Објавување на исправата во Службен весник на РМ

Телефон

Пред поаѓање

  • Ви препорачуваме да ја активирате апликацијата FindMyiPhone или LocateMyDroid

Доколку го изгубите или ви го украдат

  • Телефонот може да се лоцира преку iCloud или Dropbox, да се избришат податоците и да се заклучи уредот
  • Ставете си нови лозинки(препорачливо е да не користите една лозинка за сите мрежи)
  • Откажете ја SIM картичката за да не ви стигнат вртоглави сметки доколку некој го користи вашиот телефон
Зимски совети

Секоја година од 15 ноември до 15 март следната година, во Македонија важи обврската за поседување на зимска опрема. Поседувањето на зимската опрема не е само законска одредба, туку и практична погодност којашто влијае во огромна мерка на Вашата безбедност. Кај зимската опрема постојат две алтернативни законско обврзувачки опции:

1) зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите од 4 минимум (четири) mm со ознака M&S, M+S или MS (Mud & Snow – Кал и снег), при што синџири за снег и соодветни уреди не се потребни.

2) пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите од минимум 4 (четири) mm, доколку возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Доколку поради технички ограничувања на одредени возила со поголема носивост не можат да се постават синџири за снег, потребно е поседување на четири зимски пневматици и лопатка за снег.

Совети за подготовка на Вашето возило за зимата:

Покрај законските одредби за пневматиците и синџирите за снег, од витално значење е и инспекцијата на возилото од ваша страна, но и сервисирањето на возилото во специјализираниот авто-центар за вашиот тип на возило.

Обрнете внимание на течноста за разладување на вашето возило. Проверете дали е инсталирана течност којашто издржува ниски температури (антифриз со назначена точка на замрзнување) за да ја превенирате опасноста од замрзнување на разладната течност и оштетување на разладниот систем на возилото.

Проверете го системот за чистење на ветробранското стакло, дали е во функција и дали содржи течност којашто издржува ниски температури за да ја превенирате штетата којашто може да настане од замрзнување на течноста. Поради влажниот и каллив коловоз во зимскиот период од годината постои поголема веројатност ветробранското стакло да се извалка и да ја намали видливоста на возачот.

Проверете дали поседувате гребалка за снег и мраз, лопатка или метла за снег за да се подготвите за периодот кога температурите ќе паднат под нулата и се очекуваат врнежи од снег.

Проверете ги вашите бришачи, дали оставаат траги од бришење и дали ресичките се во функција. Доколку не го чистат стаклото, променете ги.

Проверете го филтерот за воздух во кабината и доколку е потребно променете го. Поради ниските температури во вашето возило и неопходноста од клима уредот, во текот на зимскиот период климата ќе се користи повеќе.

Проверете го Вашиот клима уред. Иако меѓу возачите важи верувањето дека клима уредот е битен само за топлиот дел од годината, клима уредот е од бесценето знечење во зимскиот дел од годината за видливоста во возилото. Вклучете ја климата, пуштете ја на греење и подесете го дувањето на прозорците. Влагата којашто настанува од кондензацијата во кабината веднаш ќе ја снема. Доколку немате клима уред во возилото, имајте при себе крпа од микрофиберза да можете да го избришете ветробранското стакло од внатрешната страна, пуштете греење на ветробранското стакло и оставете го прозорецот минимално отворен за да го превенирате замаглувањето.

Проверете го вашиот акумулатор. Доколку имате проблеми при стартување на автомобилот во есенските денови, голема е веројатноста дека акумулаторот ќе откаже во студените зимски денови. Доколку е поминат векот на користење, променете го.

Во услови на снег и замрзнување на коловозот, опасноста по Вашето возило и Вас многукратно се зголемува.

Не возете! Доколку немате поголемо искуство и немате поголема причина за користење на Вашето моторно возило во услови на снежни врнежи, голомразица и постоење на замрзнат снег или мраз на коловозот, советуваме да го оставите Вашето возило паркирано и да користите друг вид на превоз.

Особено треба да внимавате при лоши зимски временски услови кога има појава на густа магла и коловозот е замрзнат. Во тие услови во никој случај немојте да го управувате моторното возило без инсталирани зимски гуми и зимска опрема, при што од големо значење е и искуството во возењето.

Прилагодената брзина на возилото кон зимските услови е клучен параметар на безбедноста. Во зимскиот период од годината брзината на управување со возилото често пати треба да биде доста помала од максимално ограничената брзина. Во лошите зимски временски услови драстично се намалува фрикцијата помеѓу пневматиците и коловозот. Задолжителните зимски пневматици се од голема помош, но ниту со нивното користење при замрзнат коловоз не сте безбедни како при возење во нормални услови. За да се заштитите од излизгување и губење на контролата на возилото, возете полека, држете поголемо растојание од возилата пред вас и возете со зголемена концентрација.

Многукратно зголеменото потребно растојание за кочење и запирање на возилото во услови на подмрзнат/заснежен коловоз е уште една дополнителна причина за побавно возење. Доколку пред вас има пречка, одрон, возило кое кочи или настане сообраќајна несреќа, шансите да избегнете судар се многу поголеми доколку држите поголемо растојание и возите бавно.

При подолг пат испланирајте ја рутата и известете ги најблиските или колегите за планираната маршрута. Ако запрете за одмор, јавете или пратете порака каде се наоѓате.

Во услови кога на подмрзнатиот пат има кривини на надолнина, треба да сте особено внимателни и да ја контролирате брзината на возилото. Поради долгиот пат на кочење и можноста за излетување, вашата брзина треба да биде исклучително ниска.

Иако “АBS” системот и системот за стабилност – т.н. “ESP” се од голема помош за возачот, особено во зимскиот период од годината, не ги земајте со полна самодоверба. Не ја зголемувајте вашата брзина ибидете претпазливи!

На удолнина внимавајте да го пропуштите возилото што се движи нагоре поради потешкото поаѓање на нагорнина.

При лизгав или подмрзнат коловоз немојте да претекнувате со вашиот автомобил доколку за тоа не постои вистинска причина или околностите дозволуваат (заобиколување возило кое стои, или товарно возило кое се движи по товарна лента доколку имате одлична прегледност).

При подолг пат во зима, особено при лоши временски услови внимавајте вашиот резервоар да биде полн за да можете да се справите во услови на непрооден пат или пак кога возилото не може да се вози, затоа што греењето на возилото работи само на горивото од резервоарот. Од друга страна, пак, возилата многу брзо ја губат топлината и опасноста од хипотермија е голема при гаснење/неработење на возилото.

Внимавајте Вашиот мобилен телефон да биде полн за да се јавите во случај на незгода.

На подолг пат, за да се заштитите од непредвидени околности при силни снежни врнежи, понесете си резерва од храна во случај да морате да останете подолго паркирани на непрооден пат, додека да дојдат службите за прва помош и расчистување на патот.

Понесете очила за сонце за да Ве заштитат од нискиот агол на паѓање на сончевите зраци во зима.

Понесете лопатка за снег во случај да заглавите во снежен нанос. Поставете синџири на гумите. Доколку ова не помогне и заглавите во замрзнат снег и мраз, постелете подметувачи или гранки од дрвја под тркалата за да можете да излезете.

Во одредени случаи ќе Ви биде потребна и влечна служба. Меморирајте го нивниот телефонски број во вашиот именик.

И за секој случај, немојта да заборавите да одберете една од полисите од Кроација осигурување/неживот! Контактирајте не на и Вашата полиса за безбедно патување ќе Ви биде доставена каде и да сте.

Најчести проблеми во одржувањето на Вашиот дом

Сите знаат дека листата на потенцијални проблеми коишто можат да настанат во домот е бесконечна. Но, познавањето на најчестите проблеми со коишто се соочуваат сопствениците на домови може да биде многу корисно за спречување на нивната појава во Вашиот дом.

Структурни проблеми – Кај многу куќи и згради можат да сепојават оштетувања на структурните компоненти како потпорните ѕидови, подни греди, дрвени конструкциски елементи, каси на прозорци и врати, но обично ваквите градби се проектирани да издржат многу повеќе од сто години експлоатација. Порцеланските, бетонските и камените плочки имаат животен век од околу 20 до повеќе од сто години. Овие материјали се многу кршливи и нивното ширење предизвикано од промена на годишните времиња може да предизвика нивно напукнување или олабавување. Движењето по овие плочки може да биде погубно за материјалот. Иако знаците на стареење на овие елементи може да бидат тешко воочливи, знаците од претходните лоши поправки треба да бидат предупредувачки знак дека атмосферската вода може да протекува во објектот.

Дефекти поврзани со вода – Доколку не ги решите овие проблеми, водата може да го уништи дрвото, гипс-картонот, подот, какои речиси секоја друга површина во вашиот имот. Дури и во мали количини, влагата може да предизвика мувла и скапување на материјалите, што може да биде скапо за санирање, доколку штетата излезе од контрола. Ако имате проблем со водата, ставете го на врвот на вашите приоритети! Веднаш ангажирајте професионалец да го провери проблемот и да ја изврши поправката час поскоро!

Несоодветна површинска нивелација и дренажа – Ова е најчесто среќаван проблем во пoстарите објекти што може да предизвика течење на вода во подрумските простории. Ова може да доведе до влага или влажни подруми, раздвижување на темелите, пукнатини или кршење на плочата. Водата што допира до темелите може да доведе до распаѓање и појавување на мувла по ѕидовите, или гниење во дрвените прегради во sидовите. Некои показатели за раздвижувањето на основата се видливо денивелираните подови. Ако го забележите ова, бидете свесни дека цената на поправките при овој проблем може брзо да порасне. Во згради со дрвена конструкција (бараки и сл.), поголема пукнатина во надворешниот изолациски слој на абрибот може да доведе до навлегување на вода во внатрешните простории.

Штета на покривот – протекувањето на покривот, предизвикано од стари, оштетени и неправилно наместени ќерамиди се смета дека е доста чест проблем. Ќерамидите од катран/битумен имаат животен век од 15 до 40 години и се помалку трајни од обичните глинени ќерамиди. Со текот на годините, асфалтните ќерамиди ќе почнат да се виткаат, ќе испукаат и ќе го сменат ликот. Понатаму, кровната матрица (држачите на покривот) ќе биде изложена на атмосферска вода. Во тој момент, водата ќе стане главен непријател, трпеливо чекајќија можноста за да го направи својот потег. Дрвените ќерамиди ќе покажат слични симптоми како асфалтните при нивното стареење. Виткање, подигање, разделување, штета од инсекти, гниење и откршување на делови се реална можност. За да бидете обезбедени, користете глинени ќерамиди или метален лимен покрив, коишто се доста потрајни од дрвените или асфалтни ќерамиди и контролирајте ја состојбата на покривот.

Водоводни и канализациони инсталации – Иако никогаш не се рангирани како проблем број еден, водоводните дефекти се рангираат високо меѓу проблемите на домувањето и вклучуваат: стари или некомпатибилни цевки и материјали, како и неисправни елементи и канализациони цевки. Голем процент од протекувањето на водата под лавабото е предизвикан од некомпатибилната одводна цевка. Ова е прилично лесна поправка која можете самите да ја направите или можете да ја најмите водоводџија. Влажни внатрешни ѕидови и мирис на влага во просториите е евидентен знак дека имате проблем со пукната цевка.

Прокапување од чешми и казанчиња – Бавното прокапување од умивалникот или бањата може да ве чини многу пари во текот на една година. Затоа, веднаш извршете ја поправката. Во повеќето случаи, проблемот може да се реши за еден час од страна на водоводџија (или самите вие). Меѓутоа, понекогаш целиот елемент ќе треба да биде заменет. Ако станува случај за ова, немојте даго инсталирате најевтиниот елемент, затоа што постои добра шанса дека ќе требада го замените наскоро. Казанчето од WC шољата обично содржи евтини пластични делови кои лесно можат да се скршат. Знаците на попуштање се постојано течење на вода од казанчето или полнење на казанчето.

Несоодветни електрични инсталации – Значителен број на сопственици на домови го определуваат овојдефект како најчест дефект во домот, што вклучува недоволна електрична инсталација во куќата, несоодветна заштита од преоптоварување на електричната инсталација, и аматерски, често опасни спојки. Пожарите предизвикани од неисправни електрични жици се чести. Модерни куќи имаат одлично снабдување на електрична енергија и електрични приклучоци. Постарите домови, од друга страна немаат. Ако имате продолжни кабли кои се распространети од соба во соба, тогаш сигурно го имате овој проблем. На тој начин го оптоварувате електричниот систем, приклучоците и жиците, што може да доведе до пожар. Уште една чест проблем со електричната инсталација кај било кој дом се експонираните жици. Било која жица која не е вградена е подложна на физичка штета. Ако ваквата штета се случи, повикајте професионален електричар.

Греење – Проблемите во оваа категорија се скршени или дефектни контролни прекинувачи, делови и внатрешни инсталации во електрични греалки, блокирани оџаци, истекување на плин од плински боци, протекување на радијатори и небезбедно ракување со отпадни материјали кои се продукт од греењето (зажарени и токсични отпадоци). Опасностите од труење со јаглероден моноксид, опасноста од експлозија поради истекување на гас и опасностите од пожар поради палење на катранот од внатрешните ѕидови на оџакот мора да се спречат по било кој трошок. Ако имате какви било прашања во врска со дефекти на уредот, сомнителна инсталација, протекување на вода од радијатор или плин од боца или дефектен затнат оџак, веднаш повикајте професионалец.

Неквалитетно генерално одржување – оваа ситуација се утврдува доколку постојат испукани, излупени или валкани обоени површини, распаѓање на ѕидарски работи, импровизирани жици или водовод и скршена бела галантерија или апарати. Ваквите поправки  обично се вршат со цел да се заштедат пари. Но, парите коишто ќе ги зачувате на лошото одржување се лоша инвестиција и ризик кој чека да се случи. Не обидувајте се да ги поправите работите што не знаете како да ги поправите, апаратите за домаќинство кои се под гаранција, или чие поправање наметнува безбедносен ризик.

Екстериери – недостатоци во надворешноста на домот, вклучувајќи ги и прозорците, вратите и ѕидните површини, се одговорни за непријатностите предизвикани од навлегување на вода и лоша термичка и звучна изолација, но се ретко од структурно значење. Несоодветните опшивки, изолациски елементи и фасадни бои, временските оштетувања или несоодветната монтажа се најчестите виновници.

Лоша вентилација – Поради премногу амбициозни напори за да се заштеди енергија, многу сопственици на куќи ги “запечатуваат” своите домови, што резултира со прекумерна внатрешна влага. Ова може да предизвика гниење и предвремено уништување на структурните и неструктурните елементи.

Инсекти/штетници– Справувањето со штетниците може да биде еден од најнепосакуваните работи за сопственикот на домот. Треба сеосигурате дека сите штетници се уништени поради опасноста од пренесување на болести кои можат да бидат многу опасни за вас. Исто така не заборавајте да ги запечатите дупките, без оглед колку се мали, поради опасноста инсектите или другите штетници да ги искористат за да влезат во вашиот дом.

Грижете се за вашиот дом, направете паметен избор и осигурајте се во компанијата која веќе 130 години, се грижи за она што вие го создавате! Пратете маил на  и Вашата полиса ќе ви биде доставена, каде и да сте! 

Совети за корисниците на автоодговорност и каско

УПАТСТВО ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА СООБРАЌАЈКА НЕЗГОДА ВО СТРАНСТВО

При секое патување со вашето возило вон границите на Р.Македондија, задолжително е поседување на зелена карта за возилото. Зелената карта е всушност проширување на осигурувањето од Автомобилската одговорност надвор од територијата на државата. Тоа значи дека доколку ви се случи штета додека го упрвавувате возилото во странатсво, вие сте осигурени без разлика дали сте причинител или оштетен во настанот.

При тоа мошне е важно да ги знаете своите права и обрвски, односно да знаете како точно да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство.

Погрижете се за евентуалните повреди.
Обезбедете го местото на незгода и не го помесувајте возилото. Долоку постојат услови направете фотографии од возилата.
Повикајте полиција и по извршениот увид побарајте копија од полициски извештај-записник.
Доколку Вие НЕ СТЕ ВИНОВНИ за незгодата потребно е да ја пријавите штетата во Бирото за Зелена карта на земјата во која се случила незгодата. На позадината на зелената карта може да ги најдете телефоните на Бироата за зелена карта во сите земји. По враќањето во Р. Македонија известете ја вашата осигурителна компанија за незгодата.
Доколку Вие СТЕ ВИНОВНИ за незгодата, копија од зелената карта давате на оштетениот или на полицијата која врши увид. По враќањето во Р.Македонија задолжително ја извесувате компанијата која го издала Зелениот картон, и давате писмена изјава во која објективно го опишувате начинот на кој дошло до незгодата.
За помош при пријавување на штетата и остварување на правото на надомест, во одредени земји можете да се обратите и во осигурителните компании со кои Вашата осигурителна компанија има склучено коресподентски договор. На задната страна на овој леток се наведени коресподентските компании со кои Кроација соработува.

ПОДГОТОВКИ НА АВТОМОБИЛОТ ЗА ПАТУВАЊЕ

Колку подолг пат ве чека, толку потемелна подготовка е неопходна. Иако најмногу во тоа може да ви помогне носење на автомобилот на сервис, увидот на возачот е подеднакво важен. Тоа значи да реагирате навремено на сите чудни звуци, да го оддржувате автомобилот соодветно и да ги проверувате сите важни параметри кои можете да ги проверите сами.

  •  Пред самото патување проверете ги пневматиците на возилото заедно со резервниот. Проверете го притисокот во гумите со помош на компресорите на некоја од бензинските пумпи и прилагодете го според пропишаното на самата гума. Додадете или испуштете воздух доколку е потребно. Мошне е битно вашите пневматици да не се премногу користени и оштетени. Кога ги проверувате гумите, проверете и дали алатот за нивно менување ви е комплетен. Доколку не ви е познат процесот на менување, не е лошо да се запознаете со истиот.
  •  Провете ги течностите во возилото. Маслото, течноста за кочниците, течноста во ладилникот, течноста за бришачите. Понесете резерва од сите овие течности.
  •  Проверете ги бришачите. Испитајте ја површината која проаѓа по ветробранското стакло и доколку е потребно променете ги.
  •  Проверете ја целокупната светлосна сигнализација – фаровите, стоп-светлата, трепкачите.
  •  Запознајте ги пријателите и семејството со планот на патување, за да имаат увид во планираната времеска линија и да се подготвени да реагираат во инти случаеви.
  •  Проверете ја временската прогноза, како за деновите на местото каде ќе го минете одморот, така и за местата низ кои минува патот. Подгответе се за патот соодветно на предвидените временски услови.
  •  Имајте со вас залихи на храна  течности, дури и кога планирате да застанете по пат за оброк или кога патот ви се чини доволно кус за да издржите. Во непланирани случаеви, како што се застои во сообраќајот, проблеми со автомобилот и слично, залихите на храна и течностите можат да ви бидат од голема важност.
  •  Задолжително набавете прибор за медицинска помош ако немате, а ако имате проверете ја неговата содржина, и ако е потребно обновете ја.
  •  Обезбедете поланчи за мобилните телефони за во кола.
  •  Имајте барем нешто од основниот алат заедно со електрични светлики, а по можност и резервни батерии.
  •  Дури и кога имате GPS уред во автомобилот или на вашиот мобилен телефон, земете си и обични мапи за секој случај. Искористете интернет да се запознаете со етапите на патувањето и условите на патот.
  •  Информирајте се за радарските контроли, сега за тоа има и соодветна апликација на мобилните телефони.
  •  Проверете ги уште еднаш вашите лични исправи и потребните документи за возилото. За патување во странство не заборавајте дека неопходни ви се Зелен картон и патничко осигурување.

Со превземање на сите наведени активности, го намалуваме потенцијалниот ризик од непријатни ситуации кои ќе не дочекаат неподготвени. Целата оваа процедура нема да ви одземе многу време, а нејзинито спроведување може да ве обезбеди од голем број непријатности.

 

Во текот на патувањето:

  •  Сите патници задолжително треба да бидат врзани со сигурносни појаси.Малата некомфортност во текот на патувањето не е ништо во во споредба со сигурноста која ја дава појасот.
  • Правете редовни паузи за одмори и физиолошки потреби. Не возете повеќе од 3-4 часа без пауза колку и да се чуствувате одморено.
  •  Менувајте се со останатите возачи во автомобилот. На премногу долги и напорни возења препуштете го воланот на оној кој е најподготвен за возење во моментот.
  •  Не чекајте горивото да ви дојде до резерва за да почнете да ја барате следната бензинска пумпа.
  •  Имајте при рака очила за сонце. Намалената видливост е една од најголемите проблеми за секој возач.
  •  Изберете соодветна музика за пат. Музиката има голема улога во вашето расположение, кое пак има влијание врз вашите моментални возачки способности.
map
Совети за дома

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДЕН ДОМ

Планирањето на одмор може да ви одземе многу време, но и покрај тоа секогаш издвојте барем еден час да се погрижите за вашиот дом да биде сигурен додека сте отсутни. Кроација осигурување/неживот издвои неколку неопходни совети за безбеден дом:

Повикајте пријател!
За да бидете безгрижни на вашиот одмор замолете го вашиот сосед или најдобар пријател да се грижи за вашиот дом додека сте отсутни. Дајте му клуч од вашиот дом за да може да ја зема вашата пошта, да го храни миленичето и да ги полева цвеќињата. Исто така најдобро би било на оваа личност да и го дадете и клучот од автомобилот во случај да треба да се помести доколку немате гаража.

Затворете ги прозорците!
Затворените прозорци спречуваат штета во случај на невреме или дожд. Најдобро би било да го оставите домот како сеуште да сте присутни. Но, внимавајте работите како компјутер, накит и други скапоцености да бидат надвор од видикот на минувачите.

Исклучете ги сите електрични уреди!
Погрижете се сите светла да бидат исклучени, а електричните уреди да не бидат вклучени во прекинувач. Освен што ќе заштедите струја, ќе го заштитите и вашиот дом од несакан пожар, електричен дефект и сл..

Не оставајте резервен клуч во вашиот двор!
Доколку до сега сте имале ” тајно место ” каде ви стоел резервниот клуч, најдобро би било да го понесете со себе. Или пак видете под број 1.

Внимавајте кој знае за вашиот одмор!
Социјалните мрежи не ви се пријатели во овој случај, па заради безбедносни причини советуваме да не објавувате дека ќе бидете отсутни подолг период.

Сопрете го вентилот за вода!
Мало протекување може да биде фатално доколку нема никој присутен да го санира.

Не го заборавајте вашето осигурување!
Не оставајте ништо на случајностите и размислувајте одговорно. Пратете маил на и ќе ви ја доставиме полисата веднаш.

Погрижете се да ги имате применето горенаведените совети!
Никогаш не е на одмет уште една проверка.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГИ ОДРЖУВАТЕ ОЛУЦИТЕ ЧИСТИ?

И покрај тоа што олуците се “далеку од очи, далеку од памет”, сепак тие играат голема улога во структурата на вашиот дом, а нивното чистење е одличен начин да ги избегнете сите оние скапи поправки за олуци.

Олуците имаат една намена: Пренасочување на водата од покривот, вдолж одводната цевка. И покрај нивната важна улога, сите забораваат на нив додека не се затнат или скршат, а последиците не само што ќе и наштетат на структурата на вашата куќа, туку можат да предизвикаат и здравствени проблеми кај вашето семејство.

Затнувањето на олуците најчесто може да биде предизвикано од куп лисје, мов и слично. За да препознаете дали на вашите олуци им е потребно чистење или не најефикасно е да излезете дури врне-доколку тече вода по ѕидовите, тогаш најверојатно вашите олуци се затнати и треба да се исчистат. Друг чест проблем е протекување кај спојот кое најчесто настанува од рушевини заглавени во спојовите.

Доколку се соочувате со проблеми со влага во вашиот дом, најпрво треба да ги проверите олуците, бидејќи најверојатно тие се причината за тој проблем. Спуштените олуци се уште еден секојдневен проблем, кој се јавува кога олукот е пренатрупан со рушевини или преостаната вода, или пак кога има ‘рѓосани шрафови или погрешни држачи.

На прашањето: “Колку често треба да се чистат олуците?”, наjсоодветен одговор е дека тоа зависи од местоположбата и бројот на дрвја во вашиот двор. Најпрепорачливо е да ги чистите во доцна есен, кога скоро сите лисја се веќе паднати. Кроација осигурување/неживот ви препорачува да повикате професионалец за да ви ги исчисти олуците, но доколку се решите сами да го направите тоа прочитајте ги следните совети:

  • Одберете ја вистинската скала и осигурајте се дека сите скалила се доволно безбедни
  • Никогаш не ја потпирајте скалата на олуците, бидејќи тие не се направени да поднесат толкав притисок
  • Носете дебели ракавици, за да се заштитите од големиот број на бактерии, како и острите рушевини. Стручните лица препорачуваат кожни ракавици
  • Носете заштитни очила, за да се заштитите од очни повреди при контакт со инсекти додека го чистите отпадот.
  • Користете гумени чевли, доколку треба да се качите на покривот
  • Повикајте си друштво, најбезбедни сте доколку некој ви ја држи скалата. Исто така запомнете дека двете нозе и едната рака треба секогаш да ви се на скалило
  • Закачете си кошничка на најгорното скалило со кратко јаже за да го собирате отпадот во неа
  • Користете пластична лопатка за да ви го олесни чистењето на поголемите остатоци

Размислувај за сигурен дом оваа есен со Кроација осигурување/неживот!

Menu