fbpx

Политика за колачиња

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Политика за колачиња

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

 

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА

Колачиња се низа информации (текстуални фајлови) кои се снимаат на Вашиот компјутер или мобилен телефон/смарт уред при посета на веб страните. Истите се користат како механизми за чување на Вашите активности и подесувања при посета на веб страна, а се со цел да се обезбеди побрз и персонализиран пристап до содржините на истата, како и заради следење на статистика за посетеност на истата и приказ на соодветни содржини.

Генерално постојат два типа на колачиња и тоа „постојани“ и „привремени“, со тоа што постојаните остануваат на Вашиот компјутер и при напуштање на веб страна, додека привремените колачиња се бришат со самото затворање на прелистувачот.

ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување со помош на овие фајлови го следи движењето на посетителите на веб страната  https://www.crosig.mk  и на тој начин собира податоци за да го подобри корисничкото искуство, анонимни статистички податоци, подесувања и да ја оптимизира и унапреди функционалноста на веб страната.

ТИП НА КОЛАЧИЊА КОИ ГИ КОРИСТИМЕ

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување користи постојани колачиња кои се чуваат кога корисникот ќе го исклучи самиот прелистувач, како и сесиски колачиња кои се наменети за чување на подесувања во тек на самата сесија односно со напуштање на веб страната истите се бришат.

Menu