Осигурување кое нуди заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни по сила на законот да склучат договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надокнада на штета која настанува како последица на сообраќајните незгоди.Со склучување на договор за осигурување од автоодговорност се надоместува штета кон трети лица (оштетено или уништено моторно возило, смрт, телесна повреда, нарушена здравствена состојба).Право на надоместок на штета имаат сите лица кои се наоѓаат во возилото кое ја причинило сообракајката како и сите лица кои се наоѓаат во другото возило кое учествувало во сообракајната незгода.
Добрите и совесни возачи со попуст на премијата за осигурување, и тоа, доколку во тековната година не причиниле штета на трето лице, наредната година добиваат попуст (бонус) на премија.
За секоја година без пријавена штета ве наградуваме со:
- После 1 година – 5%
- После 2 години – 10%
- После 3 години – 20%
- После 4 години – 25%
- После 5 години – 30%
- После 6 година – 35%
- После 7 години – 40%
- После 8 години – 45%
- После 9 години – 50%
Лицата кои се заведени како воени и трудовите инвалиди, добиваат дополнителни попуст од 10%.