fbpx

Упатство за пријава на штети

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Упатство за пријава на штети
Штети
Патничко осигурување
Несреќен случај
Сообраќајна несреќа
Штета на имот
Штети

Нашиот тим, со задоволство ќе ви асистира при пополнувањето на формуларите, прибирањето на документацијата, се до моментот на исплата на штетата. Стручните лица на Кроација осигурување, се тука за вашите прашања, совети како и недоумици во поглед на која било настаната штета. Сите прашања може да ги упатите до .

Патничко осигурување

Како и каде да пријави штета по патничко осигурување

Како корисници на полисата за патничко осигурување, доколку Ви се случи немил настан и имате потреба од помош при патување, итна медицинска помош, потребно Ви е предвремено враќање, репатријација и сл., каде и да сте, во рок од 24 часа задолжително јавете се на единствениот број:

+381 11 3636905 CORIS ASSISTANCE

QR код за бесплатен интернет повик:

Бесплатен интернет повик - CORIS

За сите останати случаи пријавувањето ќе го извршите по враќање дома.
При повикот, неопходно е да ги споделите следните информации:
–  Име и презиме;
–  Бројот на полисата на осигурување;
–  Што ви се случило и каде;
–  Податоци на контакт.
За штетите кои не подлежат под асистенција на CORIS Assistance, а се покриени со оваа полиса, веднаш по враќањето, контактирајте нé на:

тел.:  +389 02 3251 136; +389 02 3251 177(во работно време)
E-mail: ;

По враќањето дома, по можност веднаш, пополнете ја пријавата за настанатата штета.

Пријава за штети од Патничко осигурување

Несреќен случај

Во случај на штета, осигуреникот е потребно да ги превземе сите мерки за да се ограничат штетните последици и да се придржува до упатството на осигурителот.

Доколку во несреќниот случај како последица е повреда на осигураното лице, истото задолжително треба да ги направи следниве работи

  • Да се јави на доктор, односно да се повика доктор за да направи преглед и да пружи потребна помош и превземање на сите потребни мерки за лекување, како и да се придржува на советите и упатствата во начинот на лекување.
  • За несреќниот случај писмено да извести во најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот, во рок од 3 дена, односно кога неговата здравствена состојба ќе му го овозможи тоа.
  • Доколку во несреќниот случај, како последица е смрт, корисникот на осигурувањето или некој од потесната фамилија е должен да ја извести најблиската филијала на Кроација осигурување со писмо, во рок од 3 дена, односно кога е можно тоа да се направи.

Како и каде да пријави штета од осигурување на лице од последница на несреќен случај

  • Штета од осигурување на лице од последица на несреќен случај можете да пријавите во филијалите на Кроација Осигурување – неживот, по пошта или по факс. Документот за пријава на штета треба да се пополни со сите задолжителни податоци и своерачно да се потпише, заедно со дополнителната документација и да се достави во најблиската филијала.

Како и каде да пријави штета по патничко осигурување

Како корисници на полисата за патничко осигурување, доколку Ви се случи немил настан и имате потреба од помош при патување, итна медицинска помош, потребно Ви е предвремено враќање, репатријација и сл., каде и да сте, во рок од 24 часа задолжително јавете се на единствениот број:

+381 11 3636905 CORIS ASSISTANCE

QR код за бесплатен интернет повик:

Бесплатен интернет повик - CORIS

За сите останати случаи пријавувањето ќе го извршите по враќање дома.
При повикот, неопходно е да ги споделите следните информации:
–  Име и презиме;
–  Бројот на полисата на осигурување;
–  Што ви се случило и каде;
–  Податоци на контакт.
За штетите кои не подлежат под асистенција на CORIS Assistance, а се покриени со оваа полиса, веднаш по враќањето, контактирајте нé на:

тел.:  +389 02 3251 136; +389 02 3251 177(во работно време)
E-mail:

По враќањето дома, по можност веднаш, пополнете ја пријавата за настанатата штета.

 

Пријава за штети од несреќен случај – Незгода

Пријава за штети од Патничко осигурување

Пријава за штети за приватно здравствено осигурување

Пријава на штета осигурување на кредити-CPI

Сообраќајна несреќа

Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата.

По сообраќајната несреќа

во случај на помала материјална штета сообраќајната полиција вообичаено не извршува увид на несреќата, па затоа пред да ги отстраните возилата од патот за да се овозможи непречено проток на сообраќај, препорачуваме да ги фотографирате положбите на возилата и местото на несреќата од поголемо и од непосредно растојание, трагите од кочење, паднатите и скршени остатоци на тротоарот, оштетувањата на возилата итн.

Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата. Со пополнување на Европскиот записник не признавате вина, намената на Европскиот записник е исклучиво за собирање информации за несреќата. Возачите не смеат да го напуштат местото на несреќата се додека не го пополнат Европски записник за несреќата. Дополнителен опис на несреќата по потреба може да се дополни додатно на лист хартија.

Сообраќајна полиција се повикува задолжително во следниве случаи

  • губење на живот или повреда на било кој од учесниците во сообраќајната несреќа. Во овој случај јавете се на итна медицинска помош
  • настанување на голема материјална штета или едно од возилата е неподвижно
  • не постои јасна-изричита вина на еден од учесниците во незгодата
  • судир со неосигурано возило
  • судир со возило со странски регистарски таблички
  • алкохолизираност на возачот на возилото што бил вмешан во сообраќајната незгода
  • возење без возачка дозвола

Оштетувањето на возилото мора да биде непроменето се до поднесувањето на барање за пријава на штета до осигурителот, се до доаѓањето на претставник од осигурителната компанија за проценка на штетата.

За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим на !

Пријава на штети за Автомобилска Одговорност – АО

Пријава на штети Каско

Пријава за штети од Транспорт

Штета на имот

Во случај на настанување на штетен случај неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурувачот на оштетениот имот за да се спречат дополнителни оштетувања.

Што да се направи при настанување на штета?

Во случај на настанување на штетен случај неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурувачот на оштетениот имот за да се спречат дополнителни оштетувања.

Да се извести осигурителната компанија за случајот најкасно во рок од 3 дена, писмено да се потврди пријавата на штета, усмено или телефонски.

Во сите случаи, а посебно кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба и сообраќајна несреќа, треба да се пријави во Министерството за Внатрешни работи и да се наведе кои работи се уништени, оштетени или исчезнати при настанот.

Веднаш по настанот на штетата, доколку е возможно и условите дозволуваат, да се направи попис на уништените  односно оштетените работи и нивна приближна вредност.

До доаѓањето на претставник од осигурителната компанија на самото место на несреќата, не треба да се променува состојбата на оштетените односно уништените работи, освен ако е потребно за понатамошно спречување на поголема штета, или за да се овозможи нормален тек на работата. Во тој случај, осигуреникот е должен да го извести осигурителот телефонски или на било кој друг начин. Ако се пристапи кон поправка, обавезно е да се зачуваат заменетите делови за потребите на самиот увид.

Осигуреникот е должен независно од рокот во кој е поднесена пријавата на штета, да ги достави сите податоци и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата. Осигурителот исто така може да побара и други дополнителни докази, ако е тоа потребно и оправдано.

Како и каде да се пријави штета за имот?

Штетата може да се пријави со доаѓање во просториите на Кроација Осигурување – неживот, или по пошта или факс. Образецот за пријава на штета треба да се пополни со сите барани податоци и своерачно да се потпише заедно со документацијата која ја поседувате и да се достави до најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот.

Штетата може да се пријави и телефонски, меѓутоа потребно е што побрзо, а најкасно до 3 дена писмено да се потврди на потребниот образец.

За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим !

Пријава на штети – Провална кражба и разбојништво

Пријава за штети – Домаќинско осигурување

Пријава за штети – Одговорност од дејност

Пријава за штети – Крш машини

Пријава за штети – Кршење стакло

Пријава за штети – Пожар и други опасности

Menu