Настан Бенефиција ПЛУС

Дека заслужено сме меѓу најдобрите, потврдивме и на настанот што се одржа на 29  ноември во кафе-барот „Мош“. Продолжуваме посилни!

Бенефиција плус e настан со кој вработените од „Кроација Oсигурување“, ги прославувааат сите заеднички реализирани резултати. Вработените се нашиот највреден ресурс. Овојпат во полн состав, се одбележа завршувањето на третиот квартал од 2019 година.

Настанот „Бенефиција плус“ го отвори генералниот директор на „Кроација Осигурување“, г-ѓа Вилма Учета Дузлевска, која испрати силни пораки за сплотеност и синергија помеѓу двете Компании на брендот CROATIA на македонскиот осигурителен пазар.  Таа истакна дека по периодот на реструктурирање на Компанијата очекува резултат кој ќе ја позиционира КРОАЦИА повисоко на листата на пазарен удел.

Понатаму, се обрати и новиот извршен директор на „Кроациа Осигурување – Живот“, г-ѓа Маја Станковска Костова, која на вработените им упати честитки за добиените признанија и им препорача дека местото лидер во животното осигурување мора да се оправда, истакнувајќи ја заложбата за поголема сплотеност бидејќи тоа е единствениот пат во градењето доверба кон клиентите.

„Бенефиција плус“ е настанот којшто ја прави „Кроација Осигурување“ поразлична од останатите осигурителни компании на пазарот и горди сме што нашите вработени ја препознаваат вредноста на брендот за кој работат.

„Кроација осигурување АД Скопје“ – затоа што веќе 130 години со гордост го осигуруваме она што нашите луѓе го создаваат!

,

Поврзани Објави

Нема пронајдено податоци

Menu