fbpx

Ликвидатор на штети

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Ликвидатор на штети

Кроација осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, вработува:

Ликвидатор на штети

Во Дирекција, Град- Скопје

 Потребни квалификации и способности:

  • ВСС (правен факултет)
  • Солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office )
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и професионално одлучување
  • Целосна посветеност на работните задачи
  • Висока работна етика, одговорност и лојалност
  • Работно искуство се смета за предност

Опис на работно место – одговорности:

  • Постапување согласно законска и подзаконска регулатива
  • Утврдува обврската на Друштвото, согласно регулатива и услови на осигурување;
  • Комплетира и евидентира документација по штети;
  • Ликвидација на штети;
  • Изготвување на спогодби за вонсудско решанање на штети;
  • Известување до регресни должници за отштетни побарувања;
  • Известување на странки за решавањето на штетите;
  • Давање на мислења по добиени приговори по штети;
  • Подготвување на налози по штети;
  • Предлагање на мерки за подобрување на процесот на ликвидација на штети; и,
  • Останати активности по налог на непосредниот раководител.

Друштвото Кроација осигурување – неживот нуди :

  • Вработување со полно работно време
  • Посета на специализирани обуки
  • Одлична можност за професинален развој

Потребна документација:

  • CV – Лична Биографија
  • Мотивационо писмо
  • Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги достават на емаил со рок до 15.02.2021 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИКВИДАТОР НА ШТЕТИ”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.     Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување.

Menu