fbpx

Патничко осигурување

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Лица
  4. chevron_right
  5. Патничко осигурување

Се спремате на пат? Без разлика каде одите – на скијање на Алпите, летување во Тајланд, деловен пат во Франкфурт…без патничко осигурување не сте целосни спремни. Зошто? Затоа што само патничкото осигурување ќе го направи вашиот одмор навистина безгрижен и сигурен.Ова осигурување наменето е за широк опсег на патници: од туристи, деловни луѓе, школски деца и студенти, како и спортисти и физички работници.

Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремен престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош заради ненадејна болест или последици од несреќен случај – незгода. Во соработка со Europ Assistance ви нудиме најквалитетно патничко осигурување за сите дестинации во светот, како и за соседните земји.

Проширено патничко осигурување со целосно покритие за Ковид-19

 Чувствувајте се безбедно и сигурно каде и да одите, дури и во услови на пандемија.

Проширената патничка полиса на Кроација осигурување нуди покритие за:

  • трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар
  • тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19
  • потребни лекови дадени при вонболничко лекување
  • болничко лекување во случај на потврдена инфекција
  • трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција
  • асистенција и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата на престој

Патничкото осигурување со Ковид-19 е достапно како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Египет, Турција и Русија.

Blue Travel пакети со покритие за Ковид-19, било каде во светот

Одберете ги Blue Travel пакетите од Кроација со вклучено покритие за Ковид-19 и патувајте било каде во светот, целосно ослободени од грижите.

Blue Travel S опфаќа покритие за здравствена помош при патување во странство што вклучува: трошоци за лекување како последица на болест или незгода, итно лекување заб, замена на очила како последица на незгода, трошоци за посета на пациент хоспитализиран во странство, надомест на телефонски трошоци, како и трошоци за враќање во земјата на деца до 14 години.

Blue Travel M е идеален пакет за сите оние кои планираат да патуваат со авион до било која дестинација. Покрај основното покритие за здравствена помош при патување во странство, опфаќа и осигурување на багаж од оштетување и кражба од возило, задоцнето пристигнување на багажот, како и покритие за повторно издавање на загубени документи во странство.

Blue Travel Lпокрај горенаведените покритија опфаќа и осигурително покритие за последици од незгода или несреќен случај.

Сите пакети содржат целосно покритие за Ковид-19 до 10.000 € кое опфаќа трошоци за тестирање по насока на лекар, медицински прегледи, болничко и вонболничко лекување, како и репатријација.

За повеќе информации пишете ни на web chat, mail на или побарајте не телефонски на 15 599.

 

Незгода
Домаќинско осигурување
Menu