fbpx

Незгода

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Лица
  4. chevron_right
  5. Незгода
content_copy
Осигурување од незгода

Осигурување на лица од последици на несреќен случај подразбира доброволно осигурување на лица, при извршување на редовните работни задачи и надвор од тоа, како и осигурување од посебни човечки активности или актиновсти каде може да настапи несреќен случај.

Осигурување на лица од последици на несреќен случај можат да бидат:

  • Колективно осигурување
  • Индивидуално осигурување

Осигурување од несреќен случај

Кроација Осигурување ви нуди единствена можност за осигурување од несреќен случај, целосно прилагодена на вашите желби, професија и слободни активности. Сето тоа по поволни услови и најниска премија.

Со нашата полиса ги добивате следните предности:

  • најкраток рок на исплата на штета
  • 24h, дневно осигурување, без територијално ограничување (училиште, дом, канцеларија)
  • наједноставен начин за обнова на полисата

Договарањето на полисата од незгода е брзо и едноставно а можете да се осигурате во времетраење од еден ден до една година. Осигурувањето на лица од незгода вклучува доброволно осигурување на лица од последици од несреќен случај кој настанал при вршење на нивното редовно работно место како и вон истото како и осигурвање за посебни активности или работа. Истото може да се искористи и за патници во јавниот сообраќај.

Кој може да биде осигуран?

Осигуреник по правило може да биде физичко лице со возраст од 14 години или со навршени 70 години на живот. Лица помлади од 14 и/или постари од 70 години можат да бидат осигурани согласно дополнителните услови или согласно посебните услови.

Осигурувањето може да го договори било кое физичко или правно лице коешто има деловна способност и интерес за склучување на овој вид на осигурување.

Кои ризици може да се договорат?

Осигурување на лица од последица на несреќен случај може да се договори за следните ризици:

  • смрт поради несреќен случај
  • траен инвалидитет
  • дневен надомест за привремена неспособност за работа
  • трошоци за лечење
  • дневен надомест за престој во болница поради лечење од последиците од несреќниот случај

Задолжителни ризици се ризикот од смрт поради несреќен случај и ризикот од траен инвалидитет, додека останатите ризици се факултативни.

business
Што се подразбира под несреќен случај?

Несреќен случај претставува секое изненадно и несакано случување, кое воглавно делува ненадејно, надворешно на телото на осигуреникот и има за последица негова смрт, тотален или делумен инвалидитет, привремена онеспособеност за работа или нарушена здравствена состојба за кое е неопходна лекарска интервенција.

Можат да се осигураат лица од 14 години до 70 години. Лицата кои се помлади од 14 год., а постари од 70 години, можат да се осигураат по посебни или дополнителните услови за осигурување од несреќен случај (незгода). Осигурувањето може да го договори секое правно или физичко лице кое има интерес да склучи осигурување.

Здравствено
Патничко осигурување
Menu