Домаќинско осигурување

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Имот
  4. chevron_right
  5. Домаќинско осигурување
content_copy
Нови и поволни пакети за вас

Основен пакет

Осигурени ризици: пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, паѓање на воздушни летатала, манифестација и демонстрација, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и од уреди и цевки од топловодни инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.

Стандарден пакет

(со ризици од основниот пакет дополнително и следните ризици)

Осигурени ризици: Излевање на вода од водоводни цевки и канализациони инсталции, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење на стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.

Премиум пакет

(со ризици од стандардниот пакет дополнително и следните ризици)

Осигурени ризици: Излевање на вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање на дрво, вандализам, кршење на стакла за застаклени балкони, кршење на санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Ситни поправки во домот максимум два пати за времетраење на полисата и во максимален износ од 6000 МКД.

business
Класично домаќинско

Основен пакет

Докажано е дека најголем број на штети се случуваат во домот. Да, во вашиот дом во кој живеете и уживате со своите најмили. Заштитете го на прав начин и одберете осигурување кое одговара на вашите желби и потреби.

Во што е значењето и специфичноста на ова осигурување?

Пожар, поплава, провала, кражба или некоја друга опасност може да го уништи или сериозно оштети Вашето домаќинство и предметите во него. Со цел за брзо санирање на последиците од немилиот настан и продолжување со безгрижниот живот без особени трошоци Ви препорачуваме овој вид на осигурување.

Осигурувањето на домаќинства подразбира:

  • Осигурување на стамбени објекти
  • Осигурување на предмети во домаќинството
  • Осигурување на одговорност за штета причинета спрема трети лица
  • Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Предмет на осигурување

Предмет на осигурување кај домаќинско осигурување е:

1. Станбени објекти  

(станови и индивидуални згради) како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење (во натамошен текст: станбени објекти).

2. Стварите на домаќинството  

(кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство)

За населен стан се смета стан во кој осигуреникот има постојано живеалиште, а кој не е повеќе од 60 дена ненаселен без прекин во текот на дванаесет месеци.

Во ствари на домаќинството се сметаат: 

  • стварите кои служат за уредување на станот
  • стварите за лична употреба

Со ова осигурување се опфатени и:

  • готови пари
  • уметнички предмети
  • хартии од вредност
  • скапоцености и збирки

Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени вѕидани сефови, каси и сл.

3. Одговорност за штети причинети спрема трети лица

4. Трошоците за нужно сместување

(на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење)

Предмет на осигурување не можат да бидат:

  • составни уреди во зградата
  • (хидрофори вон состав на зграда, бунари, цистерни за вода и сл.)
  • моторни возила
  • велосипеди со помошен мотор
  • приколки и сите видови пловни објекти
  • работни машини
  • резерви на материјали и стоки кои служат за вршење на занаетчиска и друга дејност
  • необработени благородни метали и необработени скапоцени камења
  • животни намирници

Осигурени опасности (ризици)

Основни опасности (ризици)

  • пожар
  • удар на гром
  • експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
  • луња
  • град
  • одговорност
  • манифестација и демонстрација
  • паѓање на воздушни летала
  • излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
  • и уреди и цевки за топловодни инсталации
  • провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.

Ненаселени станови во смисла на овие услови се станови кои се ненаселени без прекин најмногу 2 месеци во текот на годината.

Дополнителни опасности

Ако посебно се договори и плати додатна премија, осигурувачот е во обврска да исплати

надомест и во случај на штета од дополнителни опасности (ризици) и тоа:

  • поплава, порој и високи води
  • лизгање и одронување на земјиште
  • снежна лавина
  • кршење стакло
Патничко осигурување
Каско
Menu