fbpx

Картичка за лојалност

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Картичка за лојалност

Кроација осигурување неживот АД Скопја ценејќи ја лојалноста кон своите осигуреници,  постојано е на линија на воведување нови иновации кои би го зголемиле задоволството на клиентот. Така и овој пат почнуваме со реализација  на нова поволност која ќе биде голема бенефиција за досегашните и новите осигуреници.

Сите наши досегашни и идни осигуреници кои ќе ги продолжат или склучат нови полиси за  домаќинско или каско осигурување, без надомест ќе се стекнат со картичка за лојалност која ќе им помогне за попусти од 5% до 30% при посета на здравствени установи, ресторани, кафетерии, училишта за странски јазици, хотели, туристички агенции салони за убавини, продавници за играчки, мебел, облека и сл. на територијата на целата Држава.

“Croatia Loyality” мисли на Вашиот семеен буџет и затоа попустите може да се искористат на преку 300 локации кај наши соработници.

Продажните места ќе ја препознаат “Croatia Loyality” картичката и ќе ви овозможат соодветно намалена цена на она кое го купувате.

Креативноста ја црпиме после секое задоволно лице на нашите клиенти, затоа сме многу среќни што со оваа иновација ќе допринесеме нашите осигуреници да добијат третман каков што заслужуваат. Довербата која ни ја подарувате да се грижиме за Вас и Вашиот имот продолжуваме да ја наградуваме и да даруваме многу можности и привилегии.

Продажните места на кои можете да го добиете “Croatia Loyality” попустот може да ги најдете на следниот линк.

Ние го цениме Вашиот буџет и лојалноста кон нас.

Ваша Кроација.

Menu