fbpx

Често поставувани прашања

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Често поставувани прашања

1. Дали полисата за осигурување од незгода ми важи и ако сум надвор од Македонија?

Полисата за осигурување од незгода, нема временско ниту територијално ограничување. Истата важи 24 часа, без разлика каде се наоѓате.

2. Колку време по несреќата, можам да пријавам штета, ако имам полиса?

Во зависност од повредата која сте ја имале, зависи и временскиот рок за пријавување на штетата. По правило, во рок од три месеци од денот на завршување на штетата, треба да се обратите до Кроација осигрување. За сите детални прашања во врска со штетата, можете да се обратите на стручниот тим на маил .

3. Дали ако решам да го осигурам автомобилот кај вас, може да ми ги признаете и попустите кои ги имав во другата компанија?

Стандардна процедура е проверката на возилото во Национално биро на РМ. По извршената проверка, доколку немате штети, сите стекнати попусти ќе ви бидат пренесени.

4. Дали полисата за каско осигурување важи во случај на промена на сопстевникот на возилото?

Во случај на промена на сопстевникот на осигуреното возило во текот на траење на каско осигурувањето, истото престанува да важи, односно правата и обврските од полисата за осигурување не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопстевник му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во претходниот период не била пријавена штета),а новиот сопстевник е потребно да склучи нова полиса за осигурување.

5. Што треба да направам во случај на сообраќајна незгода?

Во случај на сообраќајна незгода неопходно е да се обрне внимание на следните неколку работи со цел што повеќе да се елиминираат  евентуалните понатамошни проблеми:

  • веднаш известете ја полицијата и повикајте Брза помош доколку има повредени лица;
  • не поместувајте ништо што би можело да им помогне на надлежните органи при составувањето на полицискиот записник за сообраќајната незгода;
  • преземете ги сите можни мерки  за да го заштитите Вашето возило од нови дополнителни оштетувања;
  • обидете се да ги забелешите сите детали во врска со незгодата, особено имињата на луѓето кои учествувале во сообраќајката или пак можат да сведочат за неа, регистарските ознаки и осигурителните компании на сите возила кои директно или идниректно учествувале во незгодата, како и бројот на значките(легитимациите) на полициските службеници кои излегле на местото на незгодата;
  • инсистирачте да се изврши алко-тест;
  • прашајте го полицискиот службеник каде и како можете да подигнете копија од сочинетиот полициски записник;
  • доколку Вашето возило е каско осигурано, штетата може да ја пријавите кај Вашиот осигурувач;
  • доколку не поседувате полиса за каско осигурување, Вашето оштетно побарување го поднесувате во осигурителната компанија на лицето кој што според полицискиот записник е виновен за настанување на сообраќајната незгода;

 

6. Како се определува вредноста на одреден градежен објект кој е предмет на осигурување?

Вредноста на градежните објекти се определува според нивната градежна вредност, односно најчесто тоа е износот што во случај на штета би бил доволен оштетениот градежен објект да се доведе до првобитната состојба во која се наоѓал при приемот во осигурување.

7. Кои ризици ги опфаќа комбинираното домаќинско осигурување?

Домаќинското осигурување на стамбените објекти за живеење опфаќа повеќе ризици и затоа се нарекува комбинирано. Овој вид на осигурување ги покрива:

  • основните ризици во кои спаѓаат: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација;
  • осигурување од провална кражба и разбојништво на стварите во домаќинството;
  • осигурување од одговорност кон трети лица во случај на нанесување штета од осигурениот објект на некој од соседните станови;
  • трошоци за нужно сместување при што во случај на тотална штета на осигурениот објект, доколку нема услови за живеење во тој објект, осигуретелната компанија исплатува надомест како еден вид кирија за престој во станбен објект.

8. Што означува поимот франшиза или учество во штета и дали постои начин да се избегне?

Поимот франшиза означува учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример доколку се склучи каско осигурување со франшиза од 200 Евра, а настане штета во износ од 300 Евра, на осигуреникот ќе му бидат исплатени само 100 Евра од осигурителната компанија, бидејќи неговото учество е 200 Евра. Во некои случаи може да се изверши откуп на франшизата со плаќање на дополнителна премија. Во некои видови на осигурување може да се избере висината на франшизата со што се влијае на висината на премијата.

9. Каде можам да купам полиса и дали можам да ви пратам податоци на маил? 

Полиса може да се купи во некоја од подружниците на Кроација Осигурвање неживот, подетални информаци можете да добиете на www.crosig.mk и со праќање на маил на 

10. Каде и како можам да пријавам штета, дали мора лично и кои доументи ми се потребни?

Штета се пријавува лично, во дирекцијата на пултот за пријава на штета или во некоја од подружниците на Кроација. Повеќе информации може да се добијат на маил 

11. Кои типови осигурување можам да ги купам за да го заштитам домот/имотот?

Со цел да го заштитите домот, може да одберете една од полисите кои ги нуди Кроација осигурување неживот за осигурување на домот. Согласно вашиот буџет, може да одберете една од опциите

–          Основно пожарно осигурување, кое го покрива ризикот од пожар, излевање на инсталации како и град, луња итн

–          Домаќинско осигурување кое има опција од 3 пакети – основен, стандарден и премиум.

–          Осигурување од земјотрес, кое го вклучува ризикот од земјотрес, во соработка со Европа Ре Швајцарија

12. Каде можам да се информирам за деталите, правата и обврските во врска со пакетот на осигурување што сакам да го купам? 

Кај некој од нашите советници за продажба, во подружниците како и на www.crosig.mk или на 

13. Кој вид домаќинско осигурување треба да го земам за да се заштитам од поплави предизвикани од атмосферски влијанија?

Со цел овој ризик да биде вклучен во полисата, минумум услов е да се одбере стандардниот пакет.

14. Дали домаќинското осигурување покрива готови пари коишто се наоѓаат во домот? 

Готовите пари се вклучени, доколку истите го исполнуваат условот да бидат соодветно чувани т.е. во анкерисани или заѕидани сефови.

15. Зградата во којашто живеам е новоградба и ја осигурува агенција за обезбедување. Дополнително имам сеф врата. Дали можам да добијам попуст на цената на домашното осигурување?

Секоја дополнителна заштитна мерка, како на пример сеф врата, алармни уреди, камери и сл. повлекуваат соодветен попуст.

16. Дали штетата предизвикана во гаражата која е посебен објект е опфатена во осигурувањето?

Доколку е вклучена гаражата во самата полиса, на денот на правење на полисата, истата ќе биде земена во предвид при проценка и исплата на штетата.

17. Што во случај на кражба низ отворена/незаклучена балконска/влезна врата итн.?

Доколку се случила кражба поради отворена т.е. незаклучена врата, истата не е предмет на обештетување. Кражба се констатира само со полициски записник и утврдено обивање.

18. Дали во услови на продажба на станот се префрлува и осигурувањето?

Доколку се продаде станот, новиот сопственик треба да направи нова полиса.

19. Дали домаќинското осигурување ме осигурува мене од повреди настанати во домот?

Домаќинското осигурување не опфаќа ваков вид на ризици, но доколку сакате да бидат вклучени, потребно е да се направи дополнителна полиса за осигурување на членови во домаќинство од последици на несреќен случај.

20. Дали домаќинското осигурување важи доколку еден штетен настан се повторува повеќе пати?

Да.

21. Дали постои можност да осигурам повеќе објекти или да направам повеќе видови осигурувања во пакет?

За детлани информации во поглед на пакетите, потребно е да се консултирате со некој од советниците за продажба или на 

22. Каде ми важи патничкото осигурување? 

Патничкото осигурување важи за сите држави надвор од Р. Македонија.

23. Дали има временско ограничување за патничкото осигурување или имам 24 часовна покриеност?

Патничкото осигурвање не е временски ограничено т.е. истото покрива 24 часа за време на престој во друга држава.

24. Дали опфаќа само незгода или и болести?

И болестите се вклучени со патничкото осигурување.

25. Дали секој којшто патува со мене треба да извади свое осигурување?

Да, патничкото важи смао за едно лице и секој што патува треба да извади своја полиса. Доколку се одлучи за групно патничко, во тој случај треба да се има предвид минимумот од 10 лица потребни за склучување на полисата.

26. Што да направам доколку ми се случи незгода при рекреативно спортување, во странство?

Доколку ризикот од спортски повреди е опфатен со полисата, во тој случај осигурениот настан се пријавува на +381 11 3636905 или на маил

27. До кога морам да ја пријавам незгодата?

Незгодата се пријавува во рок од 24 часа од настанот, на телефонскиот број на нашиот посредник CORIS ASSISTANCE: +381 11 3636905 или на маил .

28. Зошто е битно секогаш да ја носам полисата со мене?

Со цел остварување на правата по полисата, потребно е истата да ви биде секогаш при рака.

29. Дали можам да бирам помеѓу различни видови на медицинска услуга доколку се повредам?

При пријавување на штетата т.е. повредата, операторот на CORIS ASSISTANCE , ќе ве упати во соодветна установа. Доколку сте оневозможени да го исконтактирате операторот, во тој случај при стигнувањето во болницата, самиот персонал ќе ги обезбеди податоците за вашето осигурување. Затоа уште еднаш ја потенцираме важноста, секогаш да ја имате со вас полисата.

30. Како да пријавам штета по патничка полиса? Кои документи ми требаат, дали мора лично да дојдам?

Доколку ја пријавувате штетата директно кај операторот CORIS ASSISTANCE, во тој случај личното присуство не е потребно, се приложуваат само побараните документи. Доколку се пријавува штетата во Кроација, личното присуство е задолжително. Доколку не сте во можност лично да ја пријавите штетата, тогаш е потребно да овластите лице со полномошно. Потребните документи може да ги најдете на www.crosig.mk или да се обратите на мејловите    и 

31. Зошто би ми препорачале каско?

Одговорен возач е осигуран возач. Важно е да имате каско, бидејќи истото ве штити при ненадејни настани, кои не зависат од вас.

32. Дали каското важи во странство?

Каското важи во сите европски земји.

33. Го удрив автомобилот, паркирајќи. Дали има можност да ми се надомести штетата по основ на Каско?

Да.

34. Во сообраќајна незгода не сум виновен, а имам и каско осигурување. Кое осигурување да го користам?

Во овој случај, препорачуваме да се искористи АО полисата на другиот осигуреник (причинителот на штетата), се со цел да го задржите бонусот (попустот) при обнова на каското. Со пријава на штета по каско, би се изгубил/намалил бонусот (попустот).

35. Ми го украдоа возилото, дали сум покриен со каско полисата и што да направам?

Да, каското опфаќа и кражби. Во овој случај потребно е да се приложи полициски записник какде што е констатирана кражбата.

36. Ми го обија возилото и украдоа лични предмети. Дали истите се вклучени во каското, што да направам?

Обиеното возило ќе се обештети по каско полиса, но доколку личните предмети не се дополнително осигурани, истите не се предмет на обештетување.

37. Во договорот за каско имам франшиза од 200 евра, а предизвиканата штета ми е 500 евра.

Доколку има вклучена франшиза, во тој случај штетата се исплаќа на износ намален за договорената франшиза.

38. Во кои ситуации најмногу се исплати каско осигурувањето?

Каско се препорачува за сите возила, со оглед на ризиците кои се вклучени во истото. Најпрепорачливо е за новите неамортизирани возила.

39. Зошто  лизингот е врзан со каско осигурување?

Лизингот е врзан со каско, поради заштитата од ризиците кои ги посочивме погоре како и кредитната политика на лизинг компанијата.

40. Дали автомобилските стакла ми влегуваат во каското?

Да влегуваат, а Кроација нуди дополнителна поволност за патничките моторни возила и штетата на стандардно вградените стакла не се одбива од договорената франшиза.

41. Мојата бивша девојка ми истури киселина на возилото, дали штетата е покриена со каското?

Да, Кроација се грижи и за овие настани и истото го покриваме со каско полисата.

Menu