fbpx

Нашата мисија и визија

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Нашата мисија и визија

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје

Пазарот за неживотно осигурување во Република Македонија бележи континуиран раст, а Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје претставува еден од најзначајните и најсигурни носители на овој сегмент. Компанијата е основана како дел од Croatia Osiguranje dd. Загреб, која има повеќе од 140 години традиција и е регионален лидер во осигурителната индустрија.
Кроација Осигурување – Неживот успешно ја гради својата пазарна позиција преку воведување иновативни производи, дигитализација на процесите, високо ниво на професионалност и квалитетна грижа за клиентите.

• Препознатливо осигурително друштво во земјата со значаен пазарен удел.
• Единствен акционер на Друштвото е Croatia Osiguranje dd. Загреб.
• Компанијата располага со стабилна финансиска позиција, развиена мрежа на продажни канали и долгогодишна доверба кај клиентите.

Производи и услуги

Кроација Осигурување – Неживот нуди широк спектар на осигурителни производи за физички и правни лица:

• Осигурување од незгода
• Приватно здравствено осигурување
• Каско осигурување
• Транспорт
• Осигурување на имот
• Автоодговорност
• Осигурување од општа одговорност
• Осигурување на кредити
• Патничко осигурување

Референтна листа

Клиенти на компанијата се бројни задоволни семејства, мали и големи претпријатија, freelance-ери, претприменачи, млади лица, како и многу други правни и физички лица кои се грижат за своето здравје, својата иднина, својот капитал, бизнис, имот и сл.

Визија

Да останеме препознатлив бренд на пазарот на неживотно осигурување во земјата, преку континуирано воведување на нови производи креирани според потребните на клиентите, дигитални решенија за уште подобро искуство и супериорна и брза услуга за секој клиент.

Мисија

Со традицијата и стабилноста на групацијата Croatia Osiguranje, да обезбедиме највисоко ниво на сигурност и доверба за осигурениците и нивните најблиски, заштитувајќи ги нивните вредности и бизниси.

Стратегија

Да ги унапредуваме организацијата и услугите преку:
• Иновации во производите
• Висок квалитет на осигурителните програми
• Транспарентна и фер исплата на штети

Menu