Зелен Картон 

Вашата меѓународна сигурност на пат.

Кога патувате во странство со автомобил, Зелената карта е задолжителен документ кој го проширува територијалното покритие на осигурувањето од автоодговорност. Со неа сте заштитени од последиците на штети што можете да ги предизвикате на трети лица со вашето моторно возило во било која земја членка на системот.

Побарај Зелен ​​​​Картон

*Добијте ја зелената карта уште денес!



Што всушност значи Зелена карта?

Зелена карта, или Меѓународен сертификат за осигурување на моторни возила, гарантира дека вашата полиса за автоодговорност важи и во земји членки на системот на Зелена карта – согласно нивното законодавство и минималните лимити на покритие.

Каде и да се случи незгода, вашата полиса работи според правилата и лимитите на земјата каде што сте.

 Кога е валидна?

Се издава само во период на важност на вашата полиса за задолжително осигурување од автоодговорност.

 Каде важи Зелена карта?

Сите земји членки се јасно наведени во самата Зелена карта, во графи со нивните меѓународни кратенки.

  • За земји што не се прецртани → Зелениот картон важи.
  • За земји чии кратенки се прецртани → Зелениот картон не важи.

 Што ако патувате во земја што не признава Зелена карта?

При влез во таква земја сте должни да платите гранично осигурување за вашето возило.

💙Патувајте без стрес – проверете ја вашата Зелена карта пред да тргнете.


Сакаш и каско полиса?

Те интересираат условите за Зелена Карта?

Што најчесто прашуваат другите?