Често поставувани прашања (FAQ)
1. Дали полисата за осигурување од незгода ми важи и ако сум надвор од Северна Македонија?
Полисата за осигурување од незгода нема временско ниту територијално ограничување. Важи 24 часа, без разлика каде се наоѓате.
2. Колку време по несреќата можам да пријавам штета, ако имам полиса?
Рокот за пријавување на штетата зависи од повредата што сте ја имале. По правило, треба да се обратите до Кроација осигурување во рок од три месеци од денот на завршување на штетата. За сите детални прашања во врска со штетата, обратете се до нашиот стручен тим на е-пошта steti@crosig.mk.
3. Дали ако решам да го осигурам автомобилот кај вас, може да ми ги признаете попустите што ги имав во другата компанија?
Стандардна процедура е проверка на возилото во Националното биро за осигурување. По извршената проверка, доколку немате штети, сите стекнати попусти ќе ви бидат пренесени.
4. Дали полисата за каско осигурување важи во случај на промена на сопственикот на возилото?
Ако сопственикот на осигуреното возило се промени додека трае каско осигурувањето, полисата престанува да важи, односно правата и обврските од полисата не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопственик му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во претходниот период не била пријавена штета), а новиот сопственик треба да склучи нова полиса.
5. Што треба да направам во случај на сообраќајна незгода?
Во случај на сообраќајна незгода, внимавајте на следниве работи за да избегнете понатамошни проблеми:
- веднаш известете ја полицијата и повикајте Брза помош доколку има повредени лица;
- не поместувајте ништо што би можело да им помогне на надлежните органи при составувањето на полицискиот записник;
- преземете ги сите можни мерки за да го заштитите вашето возило од нови оштетувања;
- забележете ги сите детали за незгодата, особено имињата на учесниците и сведоците, регистарските ознаки и осигурителните компании на сите возила кои директно или индиректно учествувале во незгодата, како и броевите на значките (легитимациите) на полициските службеници што дошле на местото на незгодата;
- инсистирајте да се изврши алко-тест;
- прашајте го полицискиот службеник каде и како можете да подигнете копија од полицискиот записник;
- доколку вашето возило е каско осигурано, штетата може да ја пријавите кај вашиот осигурувач;
- доколку немате полиса за каско осигурување, оштетното побарување го поднесувате во осигурителната компанија на лицето кое според полицискиот записник е виновно за незгодата.
6. Како се определува вредноста на градежен објект што е предмет на осигурување?
Вредноста на градежните објекти се определува според нивната градежна вредност. Најчесто тоа е износот што, во случај на штета, би бил доволен оштетениот објект да се врати во состојбата во која бил кога е примен во осигурување.
7. Кои ризици ги опфаќа комбинираното домаќинско осигурување?
Домаќинското осигурување на станбени објекти опфаќа повеќе ризици и затоа се нарекува комбинирано. Ги покрива:
- основните ризици: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациска инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации;
- провална кражба и разбојништво на стварите во домаќинството;
- одговорност кон трети лица, во случај осигурениот објект да предизвика штета на некој од соседните станови;
- трошоци за нужно сместување: во случај на тотална штета на осигурениот објект, доколку нема услови за живеење во него, осигурителната компанија исплатува надомест како еден вид кирија за престој во друг станбен објект.
8. Што означува поимот франшиза или учество во штета и дали постои начин да се избегне?
Франшиза е учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример, ако склучите каско осигурување со франшиза од 200 евра, а настане штета од 300 евра, осигурителната компанија ќе ви исплати 100 евра, бидејќи вашето учество е 200 евра. Во некои случаи франшизата може да се откупи со плаќање дополнителна премија. Кај некои видови осигурување може да се избере висината на франшизата, со што се влијае на висината на премијата.
9. Каде можам да купам полиса и дали можам да ви пратам податоци по е-пошта?
Полиса можете да купите на два начина:
- Онлајн, брзо и едноставно преку порталот Моја Кроација или преку мобилната апликација на Кроација осигурување (патничко, домаќинско и автомобилска одговорност);
- Лично, во некоја од подружниците на Кроација осигурување неживот.
Подетални информации можете да добиете на www.crosig.mk или на е-пошта imot@crosig.mk.
10. Каде и како можам да пријавам штета, дали мора лично и кои документи ми се потребни?
Не мора лично. Штета можете да пријавите:
- Онлајн, 24 часа, 7 дена во неделата, на crosig.mk/prijavi-steta;
- Лично, на шалтерот за пријава на штета во дирекцијата или во некоја од подружниците на Кроација осигурување.
Потребните документи зависат од видот на штетата. Повеќе информации на steti@crosig.mk.
11. Кои типови осигурување можам да ги купам за да го заштитам домот/имотот?
За да го заштитите домот, можете да изберете една од полисите на Кроација осигурување неживот. Според вашиот буџет, можете да изберете:
- основно пожарно осигурување, кое ги покрива ризиците од пожар, излевање од инсталации, град, луња итн.;
- домаќинско осигурување, со 3 пакети: основен, стандарден и премиум;
- осигурување од земјотрес, во соработка со Europa Re, Швајцарија.
12. Каде можам да се информирам за деталите, правата и обврските во врска со пакетот на осигурување што сакам да го купам?
Кај нашите советници за продажба во подружниците, како и на www.crosig.mk или на е-пошта imot@crosig.mk.
13. Кој вид домаќинско осигурување треба да го земам за да се заштитам од поплави предизвикани од атмосферски влијанија?
За овој ризик да биде вклучен во полисата, треба да изберете најмалку стандарден пакет.
14. Дали домаќинското осигурување покрива готови пари што се наоѓаат во домот?
Готовите пари се покриени доколку се соодветно чувани, односно во анкерисани или вѕидани сефови.
15. Зградата во која живеам е новоградба и ја обезбедува агенција за обезбедување. Дополнително имам сигурносна врата. Дали можам да добијам попуст на цената на домаќинското осигурување?
Секоја дополнителна заштитна мерка, како сигурносна врата, алармни уреди, камери и слично, носи соодветен попуст.
16. Дали штетата во гаража што е посебен објект е опфатена со осигурувањето?
Доколку гаражата е вклучена во полисата на денот на склучување, ќе биде земена предвид при проценка и исплата на штетата.
17. Што ако се случи кражба низ отворена или незаклучена балконска или влезна врата?
Кражба поради отворена, односно незаклучена врата не е предмет на обештетување. Кражбата се утврдува само со полициски записник и утврдено обивање.
18. Дали при продажба на станот се префрла и осигурувањето?
Не. Доколку се продаде станот, новиот сопственик треба да склучи нова полиса.
19. Дали домаќинското осигурување ме осигурува мене од повреди настанати во домот?
Домаќинското осигурување не ги опфаќа овие ризици. Ако сакате да бидат вклучени, потребна е дополнителна полиса за осигурување на членовите на домаќинството од последици на несреќен случај.
20. Дали домаќинското осигурување важи доколку еден штетен настан се повтори повеќе пати?
Да.
21. Дали постои можност да осигурам повеќе објекти или да склучам повеќе видови осигурување во пакет?
За детални информации за пакетите, обратете се до некој од нашите советници за продажба или на е-пошта imot@crosig.mk.
22. Каде ми важи патничкото осигурување?
Патничкото осигурување важи во сите држави надвор од Северна Македонија.
23. Дали има временско ограничување за патничкото осигурување или имам 24-часовна покриеност?
Патничкото осигурување не е временски ограничено, односно покрива 24 часа на ден за време на престојот во друга држава.
24. Дали патничкото осигурување опфаќа само незгоди или и болести?
Патничкото осигурување ги опфаќа и болестите.
25. Дали секој што патува со мене треба да извади свое осигурување?
Да. Патничкото осигурување важи само за едно лице и секој патник треба да извади своја полиса. Ако се одлучите за групно патничко осигурување, потребни се најмалку 10 лица за склучување на полисата.
26. Што да направам доколку ми се случи незгода при рекреативно спортување во странство?
Доколку ризикот од спортски повреди е опфатен со полисата, осигурениот настан се пријавува на +381 11 3636905 или на е-пошта corismk@coris.rs.
27. До кога морам да ја пријавам незгодата?
Незгодата се пријавува во рок од 24 часа од настанот, на телефонскиот број на нашиот посредник CORIS ASSISTANCE: +381 11 3636905 или на е-пошта corismk@coris.rs.
28. Зошто е важно секогаш да ја носам полисата со мене?
За да ги остварите правата од полисата, потребно е секогаш да ви биде при рака.
29. Дали можам да бирам меѓу различни видови медицинска услуга доколку се повредам?
Кога ќе ја пријавите штетата, односно повредата, операторот на CORIS ASSISTANCE ќе ве упати во соодветна установа. Доколку не можете да го контактирате операторот, по пристигнувањето во болницата персоналот ќе ги обезбеди податоците за вашето осигурување. Затоа уште еднаш нагласуваме колку е важно секогаш да ја имате полисата со вас.
30. Како да пријавам штета по патничка полиса? Кои документи ми требаат, дали мора лично да дојдам?
Доколку ја пријавувате штетата директно кај операторот CORIS ASSISTANCE, личното присуство не е потребно, се приложуваат само побараните документи. Доколку штетата ја пријавувате во Кроација осигурување, личното присуство е задолжително. Ако не можете лично да ја пријавите штетата, можете да овластите друго лице со полномошно. Потребните документи ќе ги најдете на www.crosig.mk, а можете да се обратите и на е-пошта corismk@coris.rs и sos@crosig.mk.
31. Зошто би ми препорачале каско?
Одговорен возач е осигуран возач. Каското ве штити при ненадејни настани што не зависат од вас.
32. Дали каското важи во странство?
Каското важи во сите европски земји.
33. Го удрив автомобилот при паркирање. Дали може да ми се надомести штетата по основ на каско?
Да.
34. Во сообраќајна незгода не сум виновен, а имам и каско осигурување. Кое осигурување да го користам?
Во овој случај препорачуваме да ја искористите полисата за автомобилска одговорност (АО) на другиот учесник (причинителот на штетата), за да го задржите бонусот (попустот) при обновата на каското. Со пријава на штета по каско, бонусот (попустот) би се изгубил или намалил.
35. Ми го украдоа возилото. Дали сум покриен со каско полисата и што да направам?
Да, каското опфаќа и кражба. Во овој случај треба да приложите полициски записник во кој е констатирана кражбата.
36. Ми го обија возилото и украдоа лични предмети. Дали тие се вклучени во каското и што да направам?
Штетата на обиеното возило ќе се надомести по каско полисата, но личните предмети не се обештетуваат доколку не се дополнително осигурани.
37. Во договорот за каско имам франшиза од 200 евра, а штетата ми е 500 евра. Колку ќе ми се исплати?
Доколку е договорена франшиза, штетата се исплаќа во износ намален за договорената франшиза.
38. Во кои ситуации најмногу се исплати каско осигурувањето?
Каско се препорачува за сите возила, со оглед на ризиците што ги опфаќа. Најмногу се препорачува за нови возила.
39. Зошто лизингот е поврзан со каско осигурување?
Лизингот е поврзан со каско поради заштитата од ризиците што ги опфаќа каското, како и поради кредитната политика на лизинг компанијата.
40. Дали автомобилските стакла влегуваат во каското?
Да, влегуваат. Кроација осигурување нуди дополнителна поволност за патничките моторни возила: штетата на стандардно вградените стакла не се намалува за договорената франшиза.