Прва помош на плажа
Не дозволувајте вашиот летен одмор да биде уништен од морски еж или медуза. Кроација осигурување/неживот ви нуди мали летни совети како да се справите со најчестите проблеми на плажа и да имате одмор без грижи.
Пред да влезете во вода
Една од најчестите грешки кои многумина ја прават е влегувањето во вода после оброкот. Правилно е да се почека еден час. Во вода исто така не треба нагло да влегувате, ова особено се однесува на постарите и оние кои имаат проблеми со срцето. Токму затоа, следниот пат кога ќе добиете желба да влезете во водата, направете го тоа до колениците, намокрете го телото со рацете и влезете.
Контакт со морски животни
Медуза: После допир од медуза, на вашата кожа се појавува алергиска реакција од супстанцата која се наоѓа во нивните пипки. Изгореницата која подоцна се појавува не е опасна, но доколку таа е поголема од раширената дланка меѓу прстите или пак се појават големи меури, веднаш посетете го најблискиот доктор. Како прва помош, може да ви помогнат морската вода, лимонот или оцетот.
Морски еж: Згазнувањето на еж може навистина да ви го упропасти денот, а и додека не ги отстраните боцките ќе имате проблем при одењето. Доколку се неколку боцки можете да ги отстраните со помош на дезинфицирана игла, пинцета и алкохол. Постапката е иста како кај вадењето трн од кожата. Но, внимавајте доколку станува збор за повеќе боцки или подлабоки подобро би било да посетите доктор.
Морски пајак: Морскиот пајак е вид на риба која најчесто се наоѓа на песок, а на нејзиниот грб има отровни боцки и може да дојде до незгода доколку згазнете на неа. Овој отров е чувствителен на температура, затоа е најдобро доколку ви се случи вакво нешто веднаш да го поминете тој дел од телото со врела вода. Веднаш по направената превентива јавете се во најблиската амбулантна станица бидејќи може да ви се појават грчеви или да се онесвестите, а тоа посебно важи за малите деца и старите луѓе.
Изгореници од сонце
При појава на црвенило после сончање како прва помош ќе ви послужи ладна купка во која може да ставите малку јаболков оцет, како и дополнително мачкање со масло од кантарион. Јогуртот може да ви помогне да ја оладите кожата и да го намалите црвенилото. Сепак, ако се појават пликови и кожата многу ве пече, треба да посетите лекар.
Вода во уво
Ако во текот на пливањето ви влезе вода во увото, повлечете ја ушната ресичка и наведнете ја главата на таа страна. Доколку по два до три дена почувствувате остра болка, во тој случај сте добиле инфекција и треба да се консултирате со лекар.
Исеченици и гребаници
Раните иако не изгледаат страшно сепак се подложни на инфекции, па заради тоа треба брзо да реагирате. Измијте ја раната со свежа вода или пак растопен мраз и потоа со чиста крпа убаво притиснете за да престане крварењето. Намачкајте антибиотик-маст, ставете завој и побарајте лекар што е можно побрзо.
Сончаница
Личноста која има сончаница треба веднаш да се смести под сенка, во полу-лежечка положба и да се раскомоти во облеката. Во случај да е во безсознание треба да легне на страна. Најдобро е да се полива со ладна вода и да се стават ладни облоги под тилот и на главата. При сончаница најважна е хидратацијата, па заради тоа лицето треба постојано да пие ладни напитоци, но се забрануваат пијалоци кои влијаат на крвотокот и притисокот како алкохол и кафе.
Совети за патување со автобус
Купувањето на автобуска карта наместо авионска до саканата дестинација е многу поефтино, но повеќе часовното возење во автобус може да биде навистина голем предизвик. Кроација осигурување реши да направи мини “истражување” за полесно и побезбедно патување. Се надеваме дека следните совети ќе ви помогнат:
Одберете ноќна линија
- Времето ќе ви мине брзо, бидејќи ќе го поминете во спиење
- Понесете си ќебе и перница за вратот
- Доколку немате перница, стуткајте си го дуксерот и потпрете се на него
- Доколку немате ниту перница, ниту дуксер, одберете згоден сосед на седиштето до вас
Светото тројство: книга, слушалки, музика
- Добра музика може да ве спаси од многу ситуации
Грицки
- Земете си храна, но внимавајте да не ви предизвика стомачни проблеми или пак да ви биде тешко за време на патувањето. Најдобра опција се мусли баровите, интегралните грицки итн..
- Понесете си многу течности
Облечете облека во која удобно се чувствувате
- Удобни и широки парчиња на облека се најдобриот избор
- Не носете тесни работи
Раздвижете се
- Практикувајте го ова на секоја пауза
Паметно одберете го седиштето
- Колку е седиштето поназад во автобусот, толку е поголема веројатноста да ги почувствувате дупките, заради тоа најдобро би било да изберете седиште понапред во автобусот
Чувајте ги вредните работи на досег
- Паричникот, телефонот, патните исправи и полисата погрижете се да бидат близу до вас
- За сите итни случаеви, имајте го телефонот на Кроација&EUROP Assistance, при рака +36 1 236 7543
Што во случај на изгубени лични документи/телефон?
Изгубен новчаник, пасош или телефон е ситуација со која никој не би сакал да се соочи на својот одмор. Кроација осигурување/неживот ви нуди неколку совети како да се справите со ова и да имате одмор без грижи!
Паричник и лични документи
Пред поаѓање:
- Направете си копија од сите картички и лични документи
- Не ги носете сите пари со вас, испланирајте си дневен буџет и носете минимална сума
Доколку го изгубите или ви го украдат
- Проверете на сите места кои сте ги посетиле и јавете се во сите кафулиња каде што сте биле
- Јавете се во вашата банка и известете ги дека картичката е изгубена за да ги заштитат вашите средства и веднаш побарајте да ви се издаде нова
- Пријавете во полиција
- Пријавете ги изгубените лични документи
- Побарајте извештај за својата картичка за да се уверите дали некој ја користи
Пасош
Пред поаѓање
- Направете си копија
Доколку го изгубите или ви го украдат
- Пријавете во полиција
- Одете во амбасада
Потребни документи за вадење привремен пасош:
- Уверение за државјанство на Р. Северна Македонија
- Валидна дозвола за престој во земјата на приемот
- Извод од Матична книга на родените
- Документ за идентификација издаден од земјата на приемот или од Р. Северна Македонија (лична карта и сл.)
- Потврда од полиција дека е пријавен пасошот за изгубен, украден или исчезнат
- Лична изјава потпишана од странката дека патната исправа е изгубена, украдена или исчезната
- Објавување на исправата во Службен весник на РСМ
Телефон
Пред поаѓање
- Ви препорачуваме да ја активирате апликацијата FindMyiPhone или LocateMyDroid
Доколку го изгубите или ви го украдат
- Телефонот може да се лоцира преку iCloud или Dropbox, да се избришат податоците и да се заклучи уредот
- Ставете си нови лозинки(препорачливо е да не користите една лозинка за сите мрежи)
- Откажете ја SIM картичката за да не ви стигнат вртоглави сметки доколку некој го користи вашиот телефон