Домаќинско осигурување

Фер полиса по реална цена - вистинска сигурност за твојот дом.


Купи полиса онлај​​​​н​​

*Дигитална полиса ќе ви пристигне на мејл

Зошто да го осигурате вашиот дом со Croatia Осигурување?

Повеќе од 180.000 клиенти во регионот им го доверија осигурувањето на своите домови на Croatia Осигурување. Нивната доверба ја стекнавме со сигурност, брза обработка на барања, едноставна онлајн пријава на штети и навремена исплата на надоместоци.

 Осигурување на дом по ваша мерка - Изберете пакет кој најдобро одговара на вашите потреби, од основна заштита до премиум покривање со највисок степен на сигурност.

 Поволни цени и флексибилни опции за плаќање - Осигурувањето на стан од 50 m² може да изнесува веќе од 1.400 денари годишно, со можност за плаќање на рати и дополнителни попусти за подолгорочни полиси.

 Сè на едно место - Пријавете штета, проверете ја вашата полиса или добијте информации брзо и едноставно, преку нашите дигитални канали и контакт центар.

Основен пакет

Почетна, но сигурна заштита за вашиот дом. Со Основниот пакет го обезбедувате мирот и сигурноста од најчестите ризици кои можат да предизвикаат штета на вашиот имот.

Осигурени ризици: пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и од уреди или цевки на топловодни системи, удар на сопствено моторно возило во осигурените предмети, провална кражба и разбојништво, како и трошоци за нужно сместување.

 Информативна премија за стан од 50 m² – 1.400 денари годишно.

 Идеален избор за оние што сакаат основна сигурност по најповолна цена.


Стандарден пакет 

Баланс помеѓу сигурност и проширена заштита. Со Стандардниот пакет добивате пошироко покривање на ризици, така што вашиот дом е безбеден дури и во случаи на временски непогоди или природни појави.

Осигурени ризици: (вклучува сè од основниот пакет, плус следните), излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјиштето, како и кршење на стакла на прозорците и вратите на станбениот објект.

 Информативна премија за стан од 50 m² – 2.100 денари годишно.

 Одличен избор за оние што сакаат дополнителна заштита од непредвидливи природни ризици.


Премиум пакет 

Врвна заштита за секој детал во вашиот дом. Со Премиум пакетот добивате највисоко ниво на сигурност и безгрижност – дури и во најнеочекуваните ситуации. Овој пакет е создаден за оние што сакаат вистински мир и комплетна покриеност.

Осигурени ризици: (вклучува сè од стандардниот пакет, плус следните), излевање на вода од аквариум, тежина на снег и атмосферски води, удар од непознато возило или паѓање на дрво, вандализам, кршење на стакла на застаклени балкони и санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, како и промена на брава и нови клучеви во случај на изгубени или заклучени.

 Информативна премија за стан од 50 m² – околу 4.100 денари годишно.

 Совршен избор за оние што сакаат комплетна сигурност и максимална заштита на својот дом.