Кроација Осигурување - Неживот АД Скопје
Пазарот за неживотно осигурување во Република Северна Македонија бележи континуиран раст, а Кроација Осигурување - Неживот АД Скопје е еден од неговите носители. Компанијата е основана како дел од Croatia osiguranje d.d. Загреб, која има повеќе од 140 години традиција во осигурувањето.
Кроација Осигурување - Неживот ја гради својата пазарна позиција преку нови производи, дигитализација на процесите, професионалност и грижа за клиентите.
- Препознатливо осигурително друштво во земјата.
- Единствен акционер на Друштвото е Croatia osiguranje d.d. Загреб.
- Стабилна финансиска позиција, развиена мрежа на продажни канали и долгогодишна доверба кај клиентите.
Производи и услуги
Нудиме широк спектар осигурителни производи за физички и правни лица:
- осигурување од незгода
- приватно здравствено осигурување
- каско осигурување
- транспортно осигурување
- осигурување на имот
- автоодговорност
- осигурување од општа одговорност
- осигурување на кредити
- патничко осигурување
Наши клиенти
Наши клиенти се семејства, мали и големи претпријатија, фриленсери, претприемачи, млади луѓе и многу други физички и правни лица што се грижат за своето здравје, иднина, капитал, бизнис и имот.
Визија
Да останеме препознатлив бренд на пазарот на неживотно осигурување во земјата, преку нови производи создадени според потребите на клиентите, дигитални решенија за подобро искуство и брза и квалитетна услуга за секој клиент.
Мисија
Со традицијата и стабилноста на групацијата Croatia osiguranje, да им обезбедиме сигурност и доверба на осигурениците и нивните најблиски, заштитувајќи ги нивните вредности и бизниси.
Стратегија
Да ги унапредуваме организацијата и услугите преку:
- иновации во производите
- висок квалитет на осигурителните програми
- транспарентна и фер исплата на штети