Автоодговорност
Автоодговорноста е задолжителна полиса за регистрација на секое моторно возило. Ги покрива штетите што ќе ги предизвикате на трети лица и на нивниот имот.
За секоја година без штета добивате бонус до 50%, а полисата ја купувате онлајн за помалку од 40 секунди.
* полиса за регистрација за помалку од 40 секунди

Зошто да го регистрирате вашето возило со полиса од Кроација осигурување?
Осигурувањето од автоодговорност обезбедува заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода.
Секој сопственик на моторно возило, согласно со законот, е должен да склучи договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надомест на штета која може да настане при учество во сообраќај.
Со ова осигурување се надоместува штета кон трети лица, било да станува збор за оштетено или уништено возило, телесна повреда, нарушено здравје или смртен исход.
Право на надомест имаат:
- сите лица кои се наоѓаат во возилото што ја предизвикало сообраќајната незгода, освен возачот
- како и лицата во другото возило кое учествувало во незгодата.
Кроација осигурување, ваш сигурен партнер на патот.
Осигурување кое нуди заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни по сила на законот да склучат договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надокнада на штета која настанува како последица на сообраќајните незгоди.
Со склучување на договор за осигурување од автоодговорност се надоместува штета кон трети лица (оштетено или уништено моторно возило, смрт, телесна повреда, нарушена здравствена состојба).
Право на надоместок на штета имаат сите лица кои се наоѓаат во возилото кое ја причинило сообраќајката, како и сите лица кои се наоѓаат во другото возило кое учествувало во сообраќајната незгода.
Добрите и совесни возачи добиваат попуст на премијата: доколку во тековната година не причиниле штета на трето лице, наредната година добиваат попуст (бонус) на премијата.
За секоја година без пријавена штета ве наградуваме со:
По 1 година: 5%
По 2 години: 10%
По 3 години: 20%
По 4 години: 25%
По 5 години: 30%
По 6 години: 35%
По 7 години: 40%
По 8 години: 45%
По 9 години: 50%
Лицата кои се заведени како воени и трудови инвалиди добиваат дополнителен попуст од 10%.