Општа одговорност – јавна одговорност
Со осигурувањето од општа одговорност се покрива вашата законска граѓанска одговорност, како осигуреник, за причинета штети поради смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на предмети на трето лице, предизвикани од ненадеен и неочекуван штетен настан.
Исто така, опфатени се штетите што ќе настанат поради користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на: земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурената дејност или занимање ма осигуреникот.
Професионална Одговорност - BLUE PROFESSIONAL
Осигураната професионална одговорност на осигуреникот претставува одговорност за професионална грешка, невнимателна и нестручна постапка односно пропуст што настанува при извршување на дејности за кои осигуреникот е регистриран, а во текот на реализацијата на договор што осигуреникот го склучил за наведените работи. Грешките и пропустите претставуваат прекршување или отстапување од постојните правила на струката, утврдени со професионални стандарди и норми, односно непостапување со внимание на добар стручњак, за што осигуреникот е одговорен согласно законот.
Креиравме услуги во согласност со специфичностите на професијата и работата со која се занимавате, бидејќи вашата заштита ни е на прво место.
Во нашата понуда може да најдете различни видови осигурување од професионална одговорност која најчесто е задолжителна зависно до законските одредби и може да се однесува на:
Професионална одговорност на здравствени работници
Професионална одговорност на нотари
Професионална одговорност на адвокати
Професионална одговорност на извршители
Професионална одговорност на медијатори
Професионална одговорност на сметководители
Професионална одговорност на проценувачи
Професионална одговорност на друштва за проектирање, ревизија, надзор и изведба на градба
Професионална одговорност на геодети
Професионална одговорност на туристички агенции
Професионална одговорност на вештаци
И тоа не е сè. Согласно специфичностите на професијата и работата со која се занимавате, можеме да креираме услуга со која ќе ги заштитиме вашите имотни интереси.
Осигурување од одговорност од употреба на производ
Осигурувањето од одговорност од употреба на производ е потребно за сите правни лица кои се занимаваат со производство или трговија со производи, и кои имаат интерес да ја покријат својата одговорност за штети предизвикани на трети лица. Со склучување на осигурување од одговорност за производи можете послободно и поефикасно да настапувате на пазарот, да го зачувате угледот кај вашите потрошувачи и да спречите непотребни трошоци.
Со осигурувањето од одговорност од употреба на производи се покриваат штети кои настанале поради неисправен производ што осигуреникот го пуштил во промет, каде недостатокот бил непознат за осигуреникот, но тој е одговорен според законските прописи.
Ова осигурување покрива:
телесни повреди, заболување или смрт на лица што произлегуваат од користење на производот;
уништување, оштетување или исчезнување на предмети поради неисправност на производот.
Неисправноста на производот може да се должи на грешка во материјалот, конструкциска грешка, или недостаток на упатства за правилна употреба.
Покритието се однесува на сите производи кои осигуреникот ги изработил и пуштил во промет под свое име, трговска марка или друг идентификациски знак, доколку производите се наведени во осигурителната полиса.