Осигурување на кредити

Осигурување на отплата на потрошувачки кредити: вашата финансиска сигурност кога е најпотребна

Со осигурувањето на отплата на потрошувачки кредити останувате заштитени и во најнепредвидливите животни ситуации. Ова осигурување ви помага да ја зачувате стабилноста на личниот буџет и да го намалите финансискиот товар при настани покриени со полисата, како што се:

  • трајна целосна неспособност за работа;
  • привремена целосна неспособност за работа (боледување);
  • невработеност или отказ без вина на осигуреникот и независно од неговата волја;
  • смрт на осигуреникот поради несреќен случај.


Клучни придобивки:

  • заштита на вашите месечни кредитни обврски;
  • редовна отплата на ратите од кредитот во случај на осигурен настан;
  • помал ризик од нередовно плаќање, со што избегнувате лоша кредитна историја;
  • брза и едноставна постапка за активирање на полисата.


Осигурувањето е достапно при аплицирање за потрошувачки кредит во Стопанска банка, во нејзините филијали или преку Контакт центарот на банката.

Дознајте повеќе на Стопанска банка


Дали имате полиса за осигурување од незгода?

Ве интересираат условите за осигурување на кредити?

Што најчесто прашуваат другите?