Бараме Соработник за контролинг кој ќе биде дел од стабилна, модерна и поддржувачка средина – место каде што трудот и знаењето се ценат, а развојот е заедничка цел.
Што ќе бидат вашите главни задачи:
• Изработка на финансиски и оперативни извештаи за менаџментот
• Следење и анализа на буџетот, приходите, трошоците и клучните KPI индикатори
• Анализа на резултатите по бизнис сегменти, канали и организациски единици
• Учество во годишното планирање и во процесите за автоматизација на контролингот
Што ни е важно да поседувате:
• Високо образование во областа на економијата, финансиите или сметководството
• Минимум 3 години искуство во контролинг, финансии или ревизија
• Напредно познавање на MS Excel и способност за работа со големи бази на податоци
• Развиено аналитичко размислување и одлично познавање на англиски јазик
Предност ќе имаат кандидатите со искуство во финансискиот/осигурителниот сектор, познавање на Power BI или IFRS стандарди.
Што нудиме ние:
• Работа во реномирана осигурителна компанија
• Можност за постојан професионален развој и усовршување
• Пријатна, тимска атмосфера каде што секој придонес се вреднува
• Конкурентни услови за работа согласно квалификациите и искуството на кандидатот

Ако си мотивиран/а, посветен/а и имаш желба за континуиран раст – ова е вистинската можност за тебе!
