fbpx

Советник за осигурување – Штип

  1. Home
  2. chevron_right
  3. Советник за осигурување – Штип

Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување вработува:

Советник за осигурување

Град- Штип

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС/ССС
  • Искуство во продажба во осигурителен сектор
  • Ориентираност кон продажни резултати
  • Одлични преговарачки и продажни вештини
  • Висока работна етика, коперативност, одговорност и организациски способности
  • Возачка дозвола – Б категорија

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одговорен за остварување на зададениот личен план;
  • Грижа за продажното портфолио на подрачјето на работење;
  • Продажба на сите врсти осигурувања на подрачјето на работење;
  • Се грижи за почитување на правилата за одржување на документите (строга евиденција);
  • Ги дава сите потребни информации на клиентите;
  • Поднесува извештаи за продажбата на осигурување;
  • Редовно фактурирање по издадените полиси;
  • Присуствува на семинари за едукација во организација со Секторот;
  • Одговорен е за извршување на работата и квалитетот на извршената работа од својот домен на работа;
  • Одговорен за исправно пополнета документација во врска со продажбата (полиси, евиденција на нови клиенти)

Друштвото Кроација осигурување-неживот нуди

  • Вработување на половина работно време
  • Законски утврдена половина минимална нето плата плус варијабилен дел како процент од продажба
  • Награден програм на месечно, квартално и годишно ниво
  • Одлична можност за професинален развој

Потребна документација:

CV биографија

Мотивационо писмо

Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги испратат на емаил со рок до 10.06.2022 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ во град Штип

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или писмено ќе бидат повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување

Menu