fbpx

Тајната на успешниот бизнис се квалитетните соработници

Кроација осигурување неживот и Пантелеон ГС ја продолжија соработката трета година по ред како резултат на постигнатиот успех и добрите деловни резултати. Продолжувањето на договорот се должи на позитивното влијание врз растот и развојот на Пантелеон ГС поттикнати од услугите и соработката со Кроација.

Според договорот за соработка, Кроација осигурување неживот обезбеди дополнително здравствено осигурување за вработените на Пантелеон ГС, што придонесе за зголемување на бројот на вработените од 30 пред три години, на 80 вработени што значи ширење и зголемување на оперативноста на компанијата. Сите вработени се со дополнително здравствено осигурување, кое, според осигурителниот пакет на Кроација, ги вклучува и членовите на семејството.

„Професионализмот, квалитетот на услугите и добрата понуда се најважни параметри во денешното пазарно работење. Врз тоа се развива и се зацврстува меѓукомпаниската соработка што води до долготраен бенефит за двете страни, а, воедно, ваквото конкурентно окружување, продолжување на соработката е најголем успех и препорака. Токму тоа ние добивме од Кроација: професионализам, исполнителност и целосна достапност за сите наши вработени со оглед на тоа што станува збор за дополнително здравствено осигурување и потреба од асистирање на вработените на Кроација во секое време. Добивме врвно професионален однос, брза реакција и услуга во секое време дури и во најсложените ситуации и најтешките моменти“, истакна Владимир Палчевски, директорот на фирмата Пантелеон ГС.

Пантелеон ГС е македонска компанија која работи со клиенти од американскиот пазар во доменот на оутсорсинг на процесите и персоналот. Во портфолиото на компанијата доминираат административни и бек офис (back-office) функции, и тоа претежно за финансиски организации.

, , ,

Поврзани Објави

Menu