fbpx

Мовембер, што треба да знаеме за ова движење, и зошто да се приклучиме!

Останато

Влеговме во ноември, месецот кога дел од мажите не се бричат, пуштаат бркови и брада, јавно изразувајќи поддршка на движењето наречено Мовембер. Мовембер не е само моден и културен тренд, туку иницијатива за подигнување на свеста за машкото здравје, која има цел отворено да се зборува за здравствените проблеми на мажите, како што се менталните проблеми, ракот на простата и ракот на тестисите, и да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување, а воедно и да се намали бројот на смртни случаи.
Мустаќите и брадата се прашање на личен стил! Во стара Грција, брадата била симбол на машкост, а Спартанците го казнувале кукавичлукот со бричење на делови од брадата. Во ирското нарoдно предание, постојат приказни дека мажот, доколку и’ дозволи на жената да му ги избричи брадата и мустаќите, ќе ги изгуби потенцијата и плодноста.
Во многу култури се сметало дека мажот е помажествен ако неговата брада е подолга, a истражувањата покажуваат дека брадата расте побрзо во периодите кога мажот е сексуално активен. Големите војсководци и владетели биле незамисливи без мустаќи. На Шекспир, Ниче, Ернест Хемингвеј, Салвадор Дали, мустаќите им беа главен заштитен знак! Интересен е и податокот на американскиот финансиски сервис Quicken од истражувањето спроведено на 2000 мажи со брада, мустаќи и оние без нив, дека мажите со мустаќи заработуваат 8,2 % повеќе од оние со брада и 4,3 % повеќе од оние сосема избричените.
Мовембер започна уште од 2003-та година во Австралија, а сега е распространет во голем број на земји, меѓу кои и Македонија. Кроација Осигурување традиционално секој ноември го поддржува Мовембер испраќајќи порака до сите мажи дека освен за мустаќите и брадата, треба да се грижат и за сопственото здравје – физичко и ментално.
Да ги поттикне мажите дека со навремено планирање и со избор на соодветниот пакет за индивидуално здравствено осигурување од Кроација Осигурување, обезбедуваат сигурност за сопственото здравје, но и заштеда на време и средства.
Мовембер како движење се фокусира на трите клучни области за подигнување на свеста: рак на простата, рак на тестисите и ментално здравје и превенција од самоубиства. И најважно од сè: без предрасуди и срам да се зборува за тоа.

Поврзани Објави

Нема пронајдено податоци

Menu