Кроација осигурување воведува поволности за корисниците на обновливи извори на енергија – Еко Дом и Еко Каско
Во согласност со денешните потреби на корисниците и фокусирајќи на се светските трендови што го диктираат развојот на пазарот, компанијата Кроација осигурување одлучи да воведе нови поволности за граѓаните што размислуваат и дејствуваат одговорно кон животната средина, во вид на промотивни акции – Еко Дом и Еко Каско, за корисниците кои во својот дом користат обновливи извори на енергија или имаат инвестирано во електрично или во хибридно возило.
Со ЕКО Дом pакцијата осигуреникот/договарачот се стекнува со 50% попуст на полисата за семејно осигурување од незгода – Blue Family , доколку има склучено договор за осигу рување на својот стан или куќа (домаќинско или пожарна полиса), а воедено има инсталирано систем за обновлива енергија (соларни панели за производство на електрична енергија, соларни колектори за затоплување на санитарна вода, при користење на клима-уред, инвертер или при греење на парно),
Исто така и во рамките на акцијата ЕКО Каско , секој осигуреник/договарач на каско полиса за хибридно или електрично возило, се стекнува со 50% попуст на полисата за семејно осигурување од незгода – Blue Family .
Обновливите извори на енергија претставуваат извори што ги користат природните ресурси и постојано се обновуваат, а со своето постоење и користење не оставаат непосакувана трага врз животната средина.
Обновливите извори се наоѓаат во традиционалните, најчести форми на енергија, како што се: сонцето, водата, ветерот, плимата и осеката, геотермалната енергија и сл. Примарните цели за користење на обновливите извори на енергија се: зачувување на животната средина, која во голем процент придонесува за квалитетот на живот, за зголемување на одржливите енергетски системи и создавање и одржување на енергетската независност, како чекор што укажува на зрела и стабилна состојба на системот.
За повеќе информации контактирајте го нашиот контакт центар за грижа на корисници 15599 и